13.8 C
Скопје
17:22 - 25 април, 2024

Најемотивниот момент на Оскарите: Били Ајлиш ја пее познатата песна од „Битлси“, додека во позадина стои слика од Коби Брајант (ВИДЕО)

Зошто мораше да си замине? Не знам, не кажа ништо, ги пееше синоќа Били Ајлиш стиховите на легендарната песна „Yesterday“, додека зад неа, на екранот во Долби театарот, каде се одржа доделувањето на Оскарите, се менуваа сликите на неодамна починатите добитници на оваа награда, а пред се од Коби Брајант и Кирк Даглас.

Младата музичка ѕвездa емотивно ја отпеа нумерата на „Битлси“, додека нејзиниот брат ја следеше на клавир.

Дуото го најави прославениот режисер Стивен Спилберг, кој беше пријател со Даглас и присуствуваше на неговиот погреб.

Легенди и икони. Наши пријатели и колеги, уметници кои не инспирираа и емотивно допреа до нас – кратко порача Спилберг.

На екранот прво се појави лицето на Коби Брајант со неговиот познат цитат – „Животот е прекраток за само да стоиш во место и да се досадуваш. Мораш да се движиш понатаму. Мораш да продолжиш да одиш“.

Над Долби театарот на неколку секунди се појави фотографијата од Коби, како позира со Оскар во рака, кој го освои за краткиот анимиран филм „Dear basketball“, во 2018 година, а од публиката се слушна громогласен аплауз.

Меморијалниот дел почна со Брајант, а заврши со Кирк Даглас.

Актерот и продуцент кој почина минатата среда во последен момент беше вметнат во овој омаж.

Даглас три пати беше номиниран за Оскар, но и покрај неверојатниот талент, тој никогаш не ја доби оваа награда за конкретна улога. Во 1996 година му беше доделен Оскар за животно дело.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....