12.8 C
Скопје
00:59 - 25 април, 2024

Наједноставниот начин да заштедите: Многу луѓе несвесно трошат пари на овие работи!

Истражувањата на Универзитетот во Орегон дојдоа до интересно откритие…

Луѓето најмногу пари „фрлаат“ на храна, откри најновото истражување спроведено на универзитетот Орегон. Имено, семејствата или оние кои живеат сами најмногу пари трошат на храна кој потоа ја фрлаат. Се запрашувате како тоа е возможно? Погледнете ја внимателно состојбата во вашата кујна.

Доколку денес сте направиле ручек, од ручекот останало малку, да речеме останала уште една чинија храна. Повеќето луѓе ја фрлаат таа чинија и наредниот ден подготвуваат нов ручек, од кој повторно останува по некоја чинија. Некои дури знаат и да ја задржат чинијата со храна, за наредниот ден, меѓутоа најчесто ја забораваат и си јадат од новото јадење.

Фото: Пиксабеј

Трошењето на храната на несоодветен начин, а со самото тоа и на парите со купувањето на непотребни сосови, слатки, соленки, чаеви, кафиња во повеќе видови кои се таложат во куќата и не ретко се расипуваат и на крјаот завршуваат во кантата за отпадоци.

Замислете само колку пати сте купиле поголема количина кашкавал, салама, сирење, намаз или слично, а не сте стасале да го издете на време, па сето тоа завршило во кантата за отпадоци. Колку пати сте купиле премногу зеленчук и овошје кои муфлосале или се исушиле пред воопшто да се сетите на нив.

Фото: Пиксабеј

Доколку сакате да заштедите, поведете сметка малку за тоа што готвите, што најчесто купувате и колку пари трошите на храна. Бидете искрени кон себе, дали навистина ви е неопходна уште една тегла крем или најновиот вид на чај, а притоа не сте го испиле ниту оној кој ви е купен лани? Дали ви се потребни сите видови на мусли, житарки и кафињата со сите вкусови?

За да заштедите на храна, односно да се храните паметно, со што помалку работи ќе завршат во канта, најдобро е да пазарите повеќе пати месечно во помали количини.

Фото: Пиксабеј

Испланирајте си ги ручеците, испланирајте ги приближно и појадоците и вечерите и не прекупувајте. Подобро е да одите два пати неделно во продавница, отколку да дојдете во ситуација буквално цела кеса расипани намирници да ја фрлите од вашиот фрижидер, а со тоа да фрлите и дел од вашите пари.

Добар психолошки трик е секогаш во продавница да одите сити. На ситиот човек му се отвараат помалку идеи за купување на еден куп беспотребни работи.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....