23.8 C
Скопје
14:40 - 29 март, 2024

На овие четири места сте безбедни од коронавирус

Додека владее пандемијата од коронавирусиот, многумина се загрижени поради актуелната состојба, во однос на тоа како да се справат со неа.

Сепак, постојат неколку места на светот каде можете да се чувствувате безбедно и во овие времиња.

Меѓународна вселенска станица

Околу 400 километри ја дели Меѓународната вселенска станица од површината на Земјата – доволно далеку за да се избегне заразата. Сепак, дури и астронаутите мораат да бидат внимателни.

Во четвртокот тројца астронаути се упатија од Земјата кон вселенската страница. Пред лансирањето се наоѓаа во строга изолација, со цел да не го однесат вирусот таму.

Антарктик

Научниците на германската истражувачка станица Нојмајер Три на Антарктикот не би требало да се грижат поради коронавирусот. Девет научници моментално се наоѓаат таму, а така ќе биде до крајот на октомври, кога ќе пристигнат нови.

Нуклеарни подморници

Државите не сакаат да објавуваат каде и кога ги пуштаат своите нуклеарни подморници во море. Но, колку и од нив да се во вода, тие се временски ограничени со резервите кои можат да ги понесат со себе. Во однос на тоа дека членовите на персоналот за време на мисијата најчесто од психилошки причини се поштедени од слушање на лоши веси, постои шанса тие се уште и да немаат слушнато за коронавирусот.

Приватни јахти

Вестите за пандемијата ги принудија некои од најбогатите луѓе на светот да се сокријат во своите суперјахти. Планот е едноставен – Наполнете ја јахтата со залихи и отпатувајте до некој убав пејсаж, по можност на остров во приватна сопственост.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....