19.8 C
Скопје
10:04 - 28 март, 2024

На денешен ден во 1345 година се појавил првиот забележан случај на чума!

Според некои истражувања, се претпоставува дека чумата настанала на денешен ден во 1345 година, кога бил забележан првиот случај со симптоми на болеста. Чумата, позната како црна смрт, со голема брзина се проширила низ Европа, Блискиот Исток и Азија во 14 век, и за време на пандемијата оставила 25 милиони мртви. Научниците откриле дека чумата ја предизвикува краток бацил „Yersinia pestis“ кој главно се наоѓа на болвите кои ги имаат стаорците, а бактеријата се пренесувала од глодари на луѓе, преку загриз од инфицирана бубачка.

Болеста започнала нагло, најчесто со треска, а температурата растела и до 41 степен. Типично е лимфните јазли да се исклучително чувствителни и цврсти, опкружени со значителен едем. Но, болните можеле да бидат немирни, дезориентирани, конфузни и некоординирани. Тие често се жалеле и на силни главоболки. На почетокот, на кожата се појавувале црни и виолетови дамки, а смртта следела во рок од една недела откако ќе дојде до сепса. Ова било клиничката слика т.н бубоносна чума која започнала во средниот век. Постои уште еден облик на чума т.н пнеумониска или белодробна чума, чиј облик се развил подоцна и бил многу ретка појава, но изразито смртоносна.

Слични објави

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо

Ќе „загубат глава“: Три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во април

еспресо

Ана Бекута се врати во „Ѕвездите на Гранд“: „Мислам дека некому пречам“

еспресо

Последните денови на Слаѓана Милошевиќ: „Ме фати за раце и врескаше ‘помош, помош”

еспресо

Марија Шерифовиќ купи „нова машина“: Пејачката се почести со бесен автомобил од речиси 190.000 евра

Еспресо
Се вчитува....