5.8 C
Скопје
01:15 - 26 април, 2024

На денешен ден се родени Курт Кобејн, Ријана и уште неколку музичари кои оставија голем белег во музиката…

Во далечната 1967 година на денешен е роден Курт Кобејн, еден од најхаризматичните, а воедно и најконтроверзни музичари кои во деведесеттите години од минатиот век владееја на светската музичка сцена.

Од друга страна, 21 година подоцна, исто така на денешен ден, родена е Ријана, преубавата пејачка која даде свој голем придонес во популарната музика. 

Денешниот ден се поврзува со раѓањето на уште неколку важни имиња за музиката, но и со неколку важни историски настани поврзани со оваа уметност… 

1907 година – Роден Ибрахим Ферер, славен кубански пејач, кој стана славен како учесник во проектот „Buena Vista Social Club“.

1960 година – Роден Иан Браун, пејач на рок групата „The stone roses“.

1961 година – Роден Небојша Антонијевиќ Антон, гитарист и коосновач на белградската рок група „Партибрејкерс“.

1967 година – Роден Курт Кобејн, гитарист и пејач на групата „Nirvana“, кој е и еден од двајцата основачи на овој култен бенд во далечната 1987 година. Курт Кобејн е омилениот музички лик од  крајот осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години од минатиот век, кој со својата музика оваа уметност ја лансираше на друго ниво, давајќи ни сосема поинаква перспектива за музичкиот жанр гранџ. Зад себе со бендот Нирвана остави многу хитови, а загина во 1994 година, откако изврши самоубиство.

1976 година – Англиската прогресивна рок група „Genesis“ го објави „A trick of the tail“, првиот албум без оригиналниот пејач Питер Габриел, кој го напушти бендот. Овојпат, осумте нови песни на албумот бендот ги промовираше на чело со тапанарот Фил Колинс, кој се појави и во улога на нов пејач.

1988 година – родена Ријана, славната ар-ен-би пејачка и голема ѕвезда на денешницата, го прославува 32-риот роденден. Целосното име на популарната пејачка е Робин Ријана Фенти.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....