11.8 C
Скопје
22:16 - 28 март, 2024

Мистеријата на песната „Let it be“: Дали Пол Мекартни всушност ја напишал за Арета Френклин? (ВИДЕО)

„Let it be“ е една од најпознатите песни коja легендарните „The Beatles“ (Битлси) некогаш ја објавиле, а лесно е да се сфати зошто. Нумерата е комбинација од соул, госпел и поп музика, што и помогна на песната да се поврзе со бројни различни типови на музички фанови.

Меѓутоа, малку кој знае дека „Битлси“ не се првите кои ја објавија оваа песна. Верзијата на пејачката Арета Френклин е објавена малку пред да биде пуштена верзијата на четвртоката од Ливерпул, а таа во голем дел е „одговорна“ за неа.

„Let it bе“ е напишана за истоимениот албум на Битлси. Како и многу песни на овој бенд, нумерата е инспирирана од работата на друг изведувач.

Во овој случај Арета Френклин го инспирираше Пол Мекартни да ја напише култната „Let it be“. Песната е напишана во 1960 година, пред крајот на снимањето на истоимениот албум, а токму Арета беше инспирација за песната.

Пол Мекартни првата верзија од овој хит му ја испрати на Џери Векслер, продуцентот на „Атлантик рекордс“.

Векслер вели дека е многу веројатно оти Пол ја напишал песната специјално за Арета Френклин, пренесува „Headliner“.

Френклин ја сними песната за својот албум „This girl is in love with you“. На него се најде и обработката на хитот „Eleanor rigby“. Нејзината верзија од „Let it be“ е препознатлива бидејќи е објавена во јануари 1970 година, два полни месеци пред јавноста да ја слушне верзијата на Битлси.

Кога од овој аспект ќе ги погледнеме работите, тогаш доаѓаме до заклучок дека всушност верзијата на Арета Френклин е оригинална.

„Let it be“ во нејзина верзија беше одлично прифатена од страна на критичарите, нејзините фанови и фановите на Битлси. Меѓутоа, нумерата никогаш не е објавена на сингл, зошто?

Векслер вели дека Арета никогаш не сакала нејзината верзија на „Let it be“ да стане хит.

Векслер смета дека песната во изведба на неверојатната Френклин е прекрасна и дека со сигурност би станала голем хит, но пејачката тоа не го сакала.

Нејзиното премислување со месеци никому не му било јасно во тоа време, а потоа Битлси ја објавија својата верзија и му ја испратија на Векслер, забранувајќи му да ја објави нејзината верзија како сингл.

Интересно е тоа што Арета подоцна рече дека никогаш не се покајала поради тоа што одбила да го објави „Let it be“ како сингл додека имала шанса за тоа.

Векслер вели дека ставот „не жалам за ништо“, бил доста карактеристичен за пејачката.

И покрај сѐ, се чини дека никогаш не постоело непријателство помеѓу Френклин и Битлси.

Славната пејачка подоцна објави свои преработки од два големи хитови на Битлси – „The long and winding road“ и „The fool on the hill“.

Кога Арета Френклин почина, Пол Мекартни изјави:

– Ајде да најдеме малку време и да се заблагодариме за прекрасниот живот на Арета Френклин, кралицата на нашите души, жената која не исполнуваше долга низа на години – порача Мекарти во таа прилика.

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....