9.8 C
Скопје
22:41 - 25 април, 2024

Мистерија од спотот на Фил Колинс: Многумина се прашуваат дали во него се појавува и славниот режисер?

Љубителите на ликот и делото на познатиот британски музичар Фил Колинс, сигурно го слушнале неговиот голем хит „Sussudio“, кој се појави во јануари 1985 година. За потребите на оваа песна снимен е и спот, и тоа во еден паб во Лондон во сопственост на милијадерот и познат бизнисмен Ричард Бренсон.

На снимката се гледа како Фил Колинс и неговиот бенд ја изведуваат оваа песна, додека публиката ужива во настапот.

Меѓутоа, еден детаљ во спотот заинтрегира многумина.

Станува збор за делот од 54-тата секунда од видеото, во кое можете да видете момче со долга коса, кое потсетува на славниот режисер Квентин Тарантино.

Како што можете да видите и сами, сличноста е неверојатна.

Секако, веднаш се поставува и прашањето дали тоа навистина е Тарантино или станува збор за личност која само многу наликува на него.

„Дефинитивно е Тарантино“, „личноста од видеото многу личи на него“, гласат само некои од коментарите на „Јутјуб“.

Инаку, не постои официјална информација дека Квентин Тарантино е навистина во спотот на Фил Колинс, бидејќи ниту самиот режисер не се огласи во врска со тоа, па така не можеме да знаеме дали навистина е тој или не.

Погледнете го спотот за песната „Sussidio“ од Фил Колинс па оценете сами:

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....