21.8 C
Скопје
13:12 - 28 март, 2024

Мајкл Китон преговара повторно да ја добие улогата на Бетмен

Актерот го толкуваше Мрачниот витез во филмовите на Тим Бартон од 1989 и 1992 година.

Холивудс Репортер пишува дека Мајкл Китон започнал со преговорите и дека тој би можел повторно да го глуми Бетмен во претстојниот филм „The Flash“ .

Китон претходно го гумеше Бетмен во деведесетите години во филмовите на Тим Бартон. Овој искусен актер е само во преговори за филмот „The Flash“ во кој Езра Милер ќе ја репризира својата улога на Флеш. Меѓутоа, Китон би можел да го глуми Бетмен и во други филмски проекти.

Мајкл Китон и Џек Николсон, Бетмен 1989 година

Милер во улогата на Флеш дебитираше во филмот „Лига на правдата“ во кој Бен Афлек го глуми Бетмен. Со оглед на годините на Китон, едно објаснување е дека дел од неговата работа ќе биде патувањето низ времето.

Повеќе информации за преговорите на Китон се очекуваат во август, пренесува Холивуд Репортерс.

Од друга страна, Роберт Патинсон работи на филмот „The Batman” на режисерот Мет Ривс. Неговата верзија на херојот ќе биде помлада од онаа на Бен Афлек.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....