12.8 C
Скопје
08:50 - 29 март, 2024

Мајкл Даглас ги откри последните зборови на неговиот татко Кирк: Не знам дали се шегуваше! (ВИДЕО)

На Инстаграм профилот на милијардерот и некогашен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, објавен е говорот на славниот актер Мајкл Даглас, во кој тој ги открива последните зборови на својот татко Кирк Даглас. 

Американскиот актер тврди дека последните зборови на неговиот татко, непосредно пред смртта, му биле посветени токму на Блумберг како претседателски кандидат.

Како што пишува „Independent“, Мајкл Даглас присустувал на собир во склоп на кампањата на Блумберг кој се одржувал во Медисон во Висконсин пред неколку дена.

На снимката може да се види како Даглас им се заблагодарува на присутните на тоа што пратиле добри желби и се молеле за неговиот татко.

Потоа Даглас открива дека неговиот татко пред да умре го фалел Блумберг како претседателски кандидат.

– Не знам дали се шегуваше или не, но тоа беа едни од неговите последни зборови кои ми ги кажа во болница кога ме замоли да се доближам. Го направив тоа, а тој ме погледна и ми кажа: Мајк го може тоа – рече Мајкл Даглас.

Блумберг е еден од 11-те демократи кои се борат за кандидатурата за претседател на изборите во 2020-та година.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....