21.8 C
Скопје
15:57 - 24 април, 2024

Луксузно одморалиште за вистинските љубители на зимата (ФОТО)

Зарем не би било прекрасно да се разбудите во удобен кревет, во прекрасно зимско, магично, снежно опкружување?

За оние, кои на ова прашање имаат потврден одговор, ние имаме добри вести. The Sheldon Chalet, луксузното одморалиште сместено во средината на спектакуларниот Денали национален парк на Аљаска, совршено ги спојува убавината на природата и современиот комфор.

Сместено на ритче – на брдото кое е опкружено со глечери, на самата граница на националниот парк, ова одморалиште е одговор на сите ваши желби кои го вклучуваат убавото и природното во себе. Изграден на висина од околу 1.828 метри, овој хотел ви нуди екстравагантно искуство. Се состои од пет соби, па во себе може да прими само десет лица, а во секоја соба има тушеви и спа производи и неверојатен поглед кон снегот од околните врвови.

Во текот на убавото време, гостите можат да уживаат на набљудувачката тераса и погледот кон аурора бореалис, со чаша шампањ. Оние кои се повеќе авантуристички настроени можат да се испробаат и во скијањето или шетањето на Рут глечерот, со помош на хотелскиот персонал.

Една ноќ во овој хотел ќе ве чини 2,500 долари, но бидете подготвени на целосно одвојување од современиот свет, бидејќи тука нема мобилна мрежа или интернет конекција. Всушност, тоа е вистински одмор, зарем не?

Слични објави

Октриени детали за смртта на водителката Бојана Јанковиќ: Познатиот глумец со потресни зборови

еспресо

Јована Јеремиќ со бизарна изјава: И мртва планирам да доминирам, ќе бидам култна како Мерилин Монро

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

еспресо

Еве кој му прави друштво на Никола Роквиќ на патот до Грција: „Поединец не може ништо сам!“

еспресо
Се вчитува....