9.8 C
Скопје
09:34 - 19 април, 2024

Луѓе од целиот свет му испраќаат подароци, ова е папагалот Хуго од Сплит кој засега знае „само“ 2000 зборови (ВИДЕО)

Папагалот Хуго од Сплит знае 2000 зборови, а себеси се нарекува „пиле мое“

Погледнете го овој сив африкански папагал кој се вика Хуго и има повеќе од 10.000 обожаватели на социјалните мрежи.

Како што вели неговиот сопственик, Хуго едвај чека сите да заспијат во куќата, за тој да започне да го имитира звонењето на телефонот.

Папагалот Хуго има четири години и знае повеќе од 2.000 зборови, кои ги спојува во реченици.

Тој на гостите во куќата знае да им открие каков лек пие секој од домашните, научен е да зема храна од сите, особено кикиритки, а ги издава и домашните така што кажува кој кога станува и кој колку спие во куќата.

Тој е и хулиган и маза, пргав и мил, тврдоглав и послушен. Тој е многу социјален и не се плаши од никого. Всушност, тој се плаши само од еден кадифен зајак, кој лежи на телевизорот во домот на семејството Гудеј во Сплит, Хрватска. Тој кафеав зајак е единствената гаранција дека телевизорот ќе остане недопрен.

„Мојот пријател го доби папагалот, но тој не можеше да се справи со него, па го купив јас. Тогаш имаше девет месеци. Хуго е најмногу со мајка ми Мара. Таа му е сè, нејзиниот глас го имитира и ги повторува речениците. Знае со кого зборува Мара на телефон, знае кога ќе оди со кафе кај соседите или во самопослуга, знае кога ја боли главата. Станува потивок и шепнува дека „Мара има главоболка“, раскажува Андрија Гудеj, професионален војник кој започна да ги снима и објавува своите епизоди на Хуго на „Јутјуб“, каде што има десетици илјади фанови од целиот на светот. Некои луѓе дури и му испраќаат подароци до Хуго.

Тој сам себе се нарекува „пиле мое“, затоа што така го вика Мара. Хуго е незамисливо приврзан кон Андрија, па од преголема љубов му ја уништува целата облека, особено оние парчиња што имаат патенти.

Папагалот стана толку популарен што многумина изнајмуваат соби во нивната куќа само за да го запознаат.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....