Не го оставајте тостот да ви загори!

Американска студија од универзитетот „Тексас“ ги открива негативните влијанија на изгорениот тост. Студијата тврди дека дури и самото користење на тостерот може да прошири токсични честички во воздухот.

Користејќи сцена од трособен стан, научниците поставиле монитори кои го надгледуваат квалитетот на воздухот.

Истражувачите наведуваат дека омилените миризливи свеќи се извор за лош квалитет на воздухот. Откриле дека штетни последици на квалитетот на воздухот има и пржењето и похувањето на храната, како и правењето тост.

„Кога правите тост, топлинските елементи ги загреваат остатоците и мастите во тостерот, што го вклучува и зејтинот“, рекла Марина Венс која учествувала во истражувањето.

Најдобар начин за превенција од штетните загадувачи е да се внимава на бојата на тостот. Се препорачува златеста боја, а се советува да не се остава тостот да загори до потемна нијанса.

Според препораките на СЗО, воздухот не би требало да содржи повеќе од 25 микрограми честици на кубен метар. Научниците откриле дека изгорениот тост може да има до 3.000 микрограми такви честички во воздухот. Ако тостот е со златеста нијанса, количината на честичките ќе се намали на 300.

„Ова истражување е повик на будење поради ризикот што го претставуваат тостерите“, изјавил професорот Џонатан Григ од Комисијата за внатрешно загадување на воздухот во Велика Британија.

Слични објави

На диета сте? Овие 6 вкусни напитоци ќе ве наполнат со енергија

Теодора Циклевска

Неодолив ролат со локум и желе (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Еспресо

Не го фрлајте белиот дел од лубеницата! Направете си салата

Igor

Цезар салата според оригиналниот рецепт на Цезар Кардини

Слободен Печат

Со са­мо три ча­ши днев­но ќе из­гу­би­те 80 от­сто од са­ло­то на сто­ма­кот!

Igor

Домашните се повкусни: Направете си вкусни наполитанки (РЕЦЕПТ)

Еспресо

Остави Коментар

1 + 12 =

Слични објави

Изненадете ги најблиските со сочно похувано пилешко

Еспресо

Мармалад од праски

Еспресо

Домашна пита со спанаќ

Слободен печат

Превкусен мек шарен ролат: Ултрабрз десерт! (РЕЦЕПТ)

Еспресо

Oрео чискејк

Еспресо

Засладете се со вкусни божиќни медењаци

Еспресо