9.8 C
Скопје
10:53 - 19 април, 2024

Грчки колач ПОРТОКАЛОПИТА (рецепт)

Подгответе го традиционалниот, превкусен колач од Грција, по оригинален рецепт.

Потребни намирници – 400 грама кори за пита, 4 јајца, 100 грама шеќер, 400 грама јогурт, 250 мл масло, 4 големи лажици рендана кора од портокал, кафена лажичка екстракт од ванила, 20 грама прашок за пециво.

За сирупот – 300 грама шеќер, 250 мл сок од цеден портокал, 500 мл вода, 1 портокал исечен на кругови.

фото Твитер
Подготовка

Најпрво, сите кори за питата треба рачно да ги иситните на ситни парчиња, не поголеми од 1 до 2 см. Потоа, во еден сад изматете ги јајцата со шечерот (постепено зголемувајте ја брзината на миксерот) и постепено додавајте шеќер. Кога добро ќе ги изматите, додадете во смесата и јогурт, како и маслото (оставете од маслото малку за премачкување на плехот).

Потоа, додадете ги и останатите намирници – портокаловата кора, прашокот за пециво, екстрактот од ванила и рачно мешајте за добро да се соедини. Сосема на крајот додадете ги и иситнетите кори, и уште еднаш убаво измешајте. Ќе забележите како корите ќе се натопат во смесата.

Премачкајте тавче со стандардна големина. Претурете го колачот и печете во рерна на 180 степени околу 45 минути. Колачот треба убаво да зарумени, но не да се пресуши.

Сега подгответе го сирупот. Во еден сад ставете сок од портокал, вода и шеќер и оставете да зоврие. Варете на слаба температура уште околу 3 минути, па додадете ги кругчињата од портокал.

Сирупот претурете го рамномерно преку колачот кога колачот малку ќе се олади. Идеално би било да отстои неколку часа пред послужување за да биде сочен.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....