18.8 C
Скопје
10:56 - 29 март, 2024

Ќе се снима документирана серија за младата шведска активистка Грета Тунберг

Instagram

Наскоро ќе започне снимањето на документирана телевизиска серија, посветена на шведската еколошка активистка Грета Тунберг, а продуцент на серијата ќе биде „Би-Би-Си“.

Програмата ќе го следи меѓународното залагање на младата Грета за зачувување на животната средина и нејзините состаноци со истакнати научници и политички лидери.

Во серијата ќе бидат прикажани и некои моменти од нејзиниот живот, на пример кога ги пишува нејзините остри говори кои сега молскавично се шират низ светот“, стои во соопштението на „Би-Би-Си“.

Седумнаесетгодишната Грета стана портпарол на генерација загрижена поради климатските кризи од кога почна да организира протести пред шведскиот парламент во август 2018 година.

Таа стана олицетворение на еколошки загрижените млади луѓе и поттикна милиони да се ангажираат.

Таа учествуваше и на Самитот на ОН за климатските промени, каде им се обрати на светските лидери.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....