13.8 C
Скопје
17:01 - 19 април, 2024

Ќе се изненадите од здравствените придобивки на плетењето

Плетењето и везењето го намалуваат стресот, го подобруваат расположението, ја забавуваат деменцијата и помагаат во полесно справување со хроничната болка.

Плетењето и везењето се активности кои, иако можеби изгледаат како пријатна забава, имаат позитивно влијание врз психофизичката благосостојба.

Еве конкретно кои се придобивките од плетењето.

Го намалува стресот

Вршењето ритмички и повторувачки движења заедно со високо ниво на концентрација имаат смирувачки ефект на телото и на умот сличен на медитацијата.

Во студијата објавена во British Journal of Occupational Therapy во која биле вклучени околу 3.500 луѓе со анксиозни нарушувања, на кои им биле дадени различни активности за смирување, се заклучило дека најголем процент од испитаниците се ослободувале од стресот со плетењето, повеќе отколку со готвење и физичка активност.

Го подобрува расположението

Во истата британска студија, од испитаниците било побарано да укажат на скала од 1 до 7 (каде 1 означува „многу тажни” , а 7 „многу среќни”) каква е нивната состојба на умот пред да започнат со плетење и по завршувањето со ваквата активност. Повеќето од испитаниците се дефинирале себеси посреќни откако се посветиле на ова хоби.

Ова подобрување на расположението се покажало особено значајно кај оние кои страдале од депресија, особено ако плетењето било во друштво, на курс за плетење или со други ентузијасти. Со посветување на оваа активност испитаниците не само што си го поткренале расположението туку и стекнале поголема самопочит, а тоа пак покажува дека плетењето може да се смета за ефективна терапија за лекување на депресија.

Ја забавува деменцијата

Во студијата пак, објавена во Journal of Neuropsychiatry and Clinical Neurosciences, истражувачите испитувале 1.321 лица кои имале над 70 години, а сите од нив биле со потешкотии во говорот или разбирањето, со слаба меморија, со неможност за учење и помнење, со мала концентрацијата, односно сите испитаници биле во одредена фаза на сенилна деменција.

Резултатите покажуваат дека многу подобро од читањето и когнитивните игри, плетењето и везењето се покажале корисни активности за забавување на когнитивните оштетувања поврзани со стареењето, а со тоа и дека плетењето и везењето стимулираат да се подобри функционалноста на мозокот.

Помага во справување со хроничната болка

За оние кои страдаат од хронична депресија или живеат со хронична болка, состојби што можат да предизвикаат изолација, кризи на идентитетот и губење на самодовербата, плетењето се покажало како извонреден лек во градење на способност за идентификација на нови цели во животот кон кои би можеле да се стремат, но и одличен начин за одвлекување на вниманието од црните мисли. Дополнително, оние кои плетеле во група, односно на курс за плетење, успеале побрзо да го изградат чувството на припадност на група, односно да го намалат чувството на изолација.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....