Како да препознаете дека некој ве лаже? Внимавајте на говорот на телото

Говорот на телото е често клучен во откривањето дали некој ве лаже. Обрнете внимание на одредени гестови, движења на телото и начинот на зборување.

Постојат знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали некој ја зборува вистината, или едноставно ве лаже. Некој може да биде исклучително добар во лажење. Но, ако внимателно го набљудувате нивното однесување, лагите лесно се детектираат.

Очите и устата ги издаваат

Многу работи можете да откриете само ако го обрнете малку повеќе внимание и го погледнете вашиот соговорник во очи или уста. Ако очите му „шетаат“ лево и десно и го оттргнува погледот од вас, во клучен момент во текот на разговорот, тоа е знак дека она што го кажува не е точно. Исто така, внимавајте на усните. Ако им треперат или ги гризат, тоа е уште еден знак дека нешто не е во ред.

Недефинирани зборови

Ако го прашате за детали и почнат да ви одговараат со „хмм“, „мислам“ и слично, тоа укажува на тоа дека веројатно не го знае одговорот, „не може да се сети“ или едноставно е многу лош во лажењето.

Долги паузи

Ако некој ја знае вистината за она за што зборува, тој ќе може веднаш да одговори на сите ваши прашања. Ако во разговорот прави невообичаено долги паузи откако ќе прашате нешто поврзано со таа тема, тоа може да биде знак дека ве лаже.

unsplash

Потење

Ова исто така честопати укажува на тоа дека некое лице не ја зборува вистината во целост. Ако почне да се поти по целото лице или тело додека зборува, тоа не може да биде добар знак. Или ако честопати посегнува по вода додека зборува, со тоа можеби само си дава време да смисли уште нешто плус.

Треперење, чешање…

Кога некој лаже, едноставно се однесува чудно. Веројатно самата помисла дека лаже, му создава непријатност, па честа појава во вакви случаи е треперење или неконтролирано чешање по телото.

Повторувања

Пелтечење или повторување на зборови или фрази за кои веќе сте зборувале е знак дека некој нешто сокрива од вас. Ова може да значи дека се обидуваат да смислат што да кажат понатаму и како да ја развиваат приказната, со обид дополнително да ве убедат во истото што сте го слушнале и претходно.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Карлеуша откри што мисли Душко за нејзините провокативни фотки

Igor

Погледнете кого ангажираше Цеца да пее на свадбата на Вељко и Богдана (ВИДЕО)

Igor

Честитката на Вилијам и Кејт упатена до Меган Маркл ги разбесни фановите (ФОТО)

Igor

Интересни секс идеи со кои повторно ќе ја разгорите страста во спалната соба

Igor

Верувања: Зошто за Нова година се носи црвена долна облека?

Слободен печат

Модна битка: Карлеуша ја ископира Северина! На која и стои подобро? (ФОТО)

Igor

Остави Коментар

17 − Шестнаесет =

Слични објави

ОЧИГЛЕДНО Ѝ ПРОСТИ: Еве што и купи Душко на Карлеуша за роденден

Igor

Дарко Рундек обработи свој голем хит и на обожавателите им испрати важна порака за коронавирусот! (ВИДЕО)

Еспресо

Дневен хороскоп за 16 декември: Верувајте повеќе во себе, нема причина за нервоза и стрес

Еспресо

„Сека, Мирослав, Бајага и Жељко се ЧЕТНИЦИ! Не ги пуштајте во Хрватска!“

Igor

Ќерката на Ума Турман шета ГОЛА и ПИЈАНА: Сите ме сакаат во кревет! (ФОТО)

Igor

Џумбус до сабајле: Катарина Ивановска стана по вторпат мајка, Тамара пееше „Пукни зоро“ (ВИДЕО)

Igor
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian