13.8 C
Скопје
11:34 - 25 април, 2024

Ја поврзуваат со Марс: „Крвавата река“ е чудесна, но и опасна (ФОТО)

Реката Тинто во Шпанија не е само една од реките на површината на нашата планета. Таа се поврзува со зачетокот на бронзеното и бакарното доба, пренесува BBC.

Рудното подрачје Рио Тинто познато е и по минералното богатство.

flickr.com

Оваа единствена река тече преку рударско подрачје и има неверојатни нијанси на црвена, виолетова, портокалова и сина боја. Водата е густа поради железото што го содржи во себе, а е дом и на многу микроскопски организми.

Подрачјето околу реката и самата река изгледаат толку различно, така што често ја поврзуваат со Црвената планета. Научниците на НАСА исто така го посетиле тоа подрачје за да го истражат екосистемот поради сличноста со планетата Марс.

Необична глетка е да се види река во тие бои. Тоа се случува поради оксидираното железо. Слична работа се случила и пред неколку години на Антарктикот, кога научниците пронашле „крвав“ тек. Поточно, процепот на ледникот пуштал црвена течност, која потсетува на крв, па научниците и таму дошле до слично откритие.

Реката стана исклучително опасна за луѓето по големите ископувања на британските компании во 19 век. Никако не е за капење, а има и високо ниво на киселост.

Тоа ги држи луѓето подалеку од реката, но истовремено привлекува бројни научници бидејќи им помага да ја разберат природата и сличностите на ова подрачје со други планети.

Бактериите кои се присутни во оваа вода осигуруваат услови слични на оние во останатите подрачја на нашиот Сончев систем.

На прмер, се смета дека месечината на Јупитер, Европа, има кисел океан под својата површина. Бактериите во него се хранат со минерали на железо и сулфиди, кои се присутни во подземните карпи на реката, а тоа експертите ги наведува дека живот на Европа би можел да постои.

Слични објави

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо
Се вчитува....