21.8 C
Скопје
12:27 - 29 март, 2024

Интересни работи поврзани со престапната година и 29 февруари

Една сончева година трае околу 365 дена, пет часа, 48 минути и 46 секунди. Токму овие нешто повеќе од пет часа се причина за постоењето на престапна година, односно 29 февруари.

Годините со 366 дена, колку што има секоја четврта година, ги поттикнуваат жените да ги запросат мажите и прават прославите на родендените да бидат конфузни за некои луѓе. Ова се неколку интересни работи поврзани со 29 февруари.

Престапна година и „престапна секунда“

Престапните години се создадени за да се усогласат грегоријанскиот и соларниот календар, и појавите како пролетната рамнодневница да се случуваат на одредено време.
Меѓутоа, дури ни еден цел дополнителен ден во февруари секоја четврта година не може да обезбеди целосно точно усогласување, па поради тоа понекогаш научниците се повикуваат на т.н. „престапна секунда“.

Престапна секунда е додавање на една секунда, што се употребува повремено на координираното универзално време (УТЦ) за да се намали разликата меѓу прецизното време кое го мериме во часови и непрецизното соларно време кое варира поради долготрајното забавување на земјината ротација.

Како знаеме која година е престапна?

Тоа е многу едноставно, ако последните две цифри од годината се деливи со четири (на пример 2016, 2020, 2024) станува збор за престапна година. Годините кои означуваат крај на еден век се исклучок од ова правило, тие мора да бидат деливи со 400 за да бидат престапни. Значи 2000 и 2400 година се престапни, додека 2100 г. не е.

Зошто жените ги запросуваат мажите на 29 февруари?

Откако папата Гргур XIII во 1682 година го прогласил за официјален грегоријанскиот календар, идејата за додавање на уште еден ден секои четири години народот ја сметал за толку бесмислена, па дури била направена театарска претстава во Британија во која се зборувало дека на тој ден жените треба да ги заменат здолништата со панталони и да се однесуваат како мажи.

Претставата била означена како сатира, но до 18 век жените почнале често да го користат 29 февруари за запросување. Традицијата која денес е позната како „ден на младоженците“ била многу актуелна на почетокот на 20 век, а и денес се применува во голем број западно-европски земји, особено во Велика Британија.

Раѓање, но и нешто друго

Денес има околу 4 милиони луѓе родени на 29 февруари. Веројатноста некој да се роди на овој ден е 1:1.500.

Луѓето родени на 29 февруари се во дилема кога да го слават нивниот роденден, а се случува и некој да почине токму тогаш. Според Енциклопедијата на светското наследство, Џејмс Вилсон, кој по потекло бил Британец и станал премиер на Тасманија, роден е на престапен ден, а токму на 29 февруари и починал.

Попусти за 29 февруари

Во многу земји трговците даваат големи попусти на овој ден, па затоа обрнете внимание на ова кога одите во шопинг во овој период.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....