12.8 C
Скопје
01:03 - 17 април, 2024

Внимателно со белиот леб додека сте во изолација

Додека трае епидемијата со коронавирусот, луѓето, или поради полицискиот час или поради самодисциплината што ја имаат, постојано седат дома во самоизолација и излегуваат надвор само за да ги набават неопходните намирници и лекови. Токму поради ваквиот начин на живот, лекарите и нутриционистите постојано апелираат дека сега, како никогаш претходно, треба да се обрне внимание на здравиот начин на исхрана и без исклучоци да се применува, бидејќи во вакви моменти, физичката активност е целосно или делумно намалена.

Стручњаците предупредуваат

Здравиот начин на исхрана заедно со континуирана физичка активност или пешачење најмалку еден час, го прави секој човек помалку подложен на заболувања, бидејќи со тоа секојдневно се работи на зајакнување на имунитетот. Сепак, сега движењето и шетањето во природа се сведени на најмало можно ниво, па токму затоа треба секој да почне да јаде исклучиво здрава храна, која е неопходна во вакви моменти кога здравиот и силен имунитет буквално може да ви го спаси животот.

Празни калории

Една од намирниците што колку што е можно повеќе треба да ја избегнувате е белиот леб, во кој се отстранети сите хранливи состојки, витамини, минерали како и целулозата. Белиот леб во својот состав содржи т.н. празни калории, а основниот протеин во неговиот состав е глутенот, кој сѐ повеќе и сѐ почесто и тоа на огромен број луѓе им прави проблеми, бидејќи тие создале алергиски реакции што се јавуваат по неговото јадење.
Имено, белиот леб во својот состав има висока калориска, а ниска нутритивна вредност. Токму затоа, луѓето што имаат проблем со покачената телесна тежина, со јадење леб ќе ја уништат секоја можност некогаш да ослабат.

Доколку не сакате да се откажете, јадете леб само рано наутро

Сепак, доколку спаѓате во оние што во никој случај не сакаат да се откажат од јадењето леб, во тој случај следете ги препораките на нутриционистите и леб како и ѓеврек, бурек и други преработки од брашно, јадете само наутро, односно за време на појадокот. Од друга страна, пак, во никој случај немојте да го јадете за време на вечерата, особено ова важи за луѓето што имаат проблем со дијабетес, висок крвен притисок како и оние со прекумерна телесна тежина.

Јадете овошје и зеленчук

Кога почна да се шири коронавирусот, првото нешто што го направија поголемиот број луѓе е тоа што отидоа до првиот маркет и купија поголеми количества храна што ја складираат во домовите. Меѓу таквата храна, најмногу се купуваа макарони, шпагети или јувки, бидејќи тие лесно се чуваат и имаат подолг рок на траење.

Сепак, според нутриционистите, тестенините, исто како што е случај и со лебот, не се препорачливи да се јадат во овој период кога физичката активност е комплетно намалена. Затоа, тие препорачуваат да се јаде храна богата со растителни влакна, кои ќе имаат улога да го забрзаат процесот на варење, но и храна богата со протеини и големи количества овошје и зеленчук, кои треба да се јадат секогаш, а не само сега, а кои ќе имаат улога да се зајакне имунитетот.

Важно е да се напомене и дека треба да се јаде храна богата со витамин Д, но и со калциум, кој може да се најде во млекото и млечните преработки, како и витамин Ц, кој има улога да го зајакне имунитетот, а го има во пиперката, јаболката, но и во цитрусното овошје.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....