13.8 C
Скопје
16:30 - 19 април, 2024

Стручњаците откриваат: 20 едноставни навики за подолг и поздрав живот

Со процесот на стареење и нашето тело се менува, а кога станува збор за подолг и поздрав живот, правилата се секогаш многу слични – здравата исхрана и редовната активност се на врвот на списокот со приоритети, но тоа содржи и многу други ставки.

Според студија спроведена пред две години, постојат само 5 навики што треба да ги усвоите за да го продолжите животниот век за дури 12 до 14 години. Научниците велат дека никогаш не треба да пушите, важно е да одржувате здрава телесна тежина, редовно да вежбате и да го ограничите внесот на алкохол.

Ви донесуваме стручни совети за тоа кои се здравите навики и како да ги усвоите.

1. Правете паузи на работа – И тоа неколкупати… Одете на ручек или ставете ги дланките под млаз ладна вода и измијте го лицето. Ќе почувствувате освежување и налет на нова енергија.

2. Движете се секој ден – Вежбањето придонесува за долговечност и добро здравје. Со вежбање, ги намалувате шансите за развој на болести, особено на кардиоваскуларни, дијабетес и когнитивно пропаѓање. Обидете се да вежбате 15-30 минути секој ден, два-три дена во неделата.

3. Поминете време со луѓето што ги сакате – Кога сте поврзани со луѓе, уживате во разговорот, смеењето и споделувањето искуства, квалитетот на вашиот живот ќе се подобри.

4. Следете рутина – Добрата рутина е клучна кога станува збор за исхраната, а следењето на таков план може само да ви донесе корист. Потребно е повеќе од еден ден правилна исхрана за човек да профитира. Важно е секој ден да знаеме што и кога ќе јадеме ако сакаме да уживаме во здравјето и во долговечноста.

5. Не заборавајте на протеините – Не мора да јадете пилешко за појадок, ручек или вечера, но важно е да додадете доволно протеини во вашите оброци. Важно е да внесувате протеини, особено како што стареете и мускулите слабеат. Вклучете доволно протеини во појадокот, ручекот и вечерата, без разлика дали станува збор за месо, јаткасти плодови, јајца или риба. Целта е да се внесат по оброк околу 20-30 грама протеини.

6. Намирници богати со антиоксиданти – Антиоксидантите се главно оружје во борбата против стареењето, затоа консумирајте ги колку што можете повеќе. Зрнесто овошје, грозје и овошје со интензивни бои се добра опција. Изедете шолја со вакво овошје секој ден.

7. Земајте витамин Д – Недостатокот на овој витамин е поврзан со болестите поврзани со стареењето, а повеќето може да го скратат животниот век.

8. Не заборавајте на водата – Невозможно е да се зборува за здрава исхрана без доволен внес на течности во организмот што ќе ви помогне да ја одржувате телесната тежина, здравјето на кожата, но и организмот. Осум чаши вода би биле идеална количина.

9. Одвојте време за себе секој ден – Стресот е голем проблем, а колку повеќе старееме, толку повеќе обврски имаме и помалку време одвојуваме за себе. Да научите како да се борите против стресот е исклучително важно. Ако не знаеме како да се справиме со стресот, неговите последици можат многу да влијаат врз здравјето. Ако можете, обидете се да одвоите малку време за себе во распоредот на денот, искористете го тоа време за шетање, медитација или уживање во музика и добро четиво.

10. Барем еднаш во денот излезете од дома – Без разлика дали е ладно или топло, нема изговор зошто не треба да го напуштате домот еднаш дневно, дури и ако тоа е само кратка прошетка низ соседството или одење на пазар. Да правите нешто на свеж воздух е многу важно за вашето здравје. Бидејќи есента е пред нас и добро познатиот феномен на есенска депресија, а излегувањето од дома е еден начин да се спречи лошото расположение.

11. Забите чистете ги со забен конец – Додека четката за заби е многу важна алатка за одржување на оралното здравје, таа не е единственото решение.
Откако ќе ги измиете забите, користете забен конец за да се ослободите од сите нечистотии до кои четкичката не може да допре. Ова ќе спречи појава на кариес и други болести на непцата.

12. Нанесувајте крем со заштитен фактор секој ден – Кожата е нашиот најголем орган, па грижата за неа е голем чекор во превенцијата на развој на многу болести.
Дури 90 отсто од сите знаци на стареење и исто толкав процент на развој на меланом доаѓаат од фактот дека не сме ја заштитиле кожата од штетните сончеви зраци. Дождливо е, зима е, јас сум во автомобил, имам темна кожа… се само некои од вообичаените изговори на оние што не нанесуваат заштитен фактор на кожата, но ништо од тоа нема да ги заштити. Потребно е да се нанесува крем што ја штити кожата од сонце секој ден.

13. Направете пилинг еднаш неделно – Ние трошиме многу време и ресурси за да го избереме најдобриот производ за нега на кожата, но ако таа не е подготвена да ги апсорбира сите својства на вашиот омилен крем, нема да видите резултати. Пилинзите се важни бидејќи во денот губиме околу 50 милиони клетки на кожата, некои од нив ќе исчезнат сами, а некои ќе останат на кожата и затоа е потребна мала помош, во облик на пилинг, за кожата целосно да блесне. Ако не сакате да направите пилинг, земете малку погруба крпа, натопете ја во топла вода и нежно истријте го лицето. Само тогаш вашиот крем може да дејствува како што очекувате.

14. Прегледувајте ги бенките – Според податоците Светската здравствена организација (СЗО), два до три милиони луѓе годишно заболуваат од некаков облик на малиген тумор на кожата – 160.000 од малиген меланом (41.000 луѓе умираат годишно). Во Европа, околу 54.000 луѓе годишно заболуваат од меланом. Изложеноста на ултравиолетовите зраци се смета за главен ризичен фактор во развојот на сите малигни тумори на кожата, вклучувајќи го и меланомот.
Особен ризик од вакви заболувања имаат луѓето што имале изгореници од сонце во детството и оние што повремено интензивно престојуваат на сонце или се изложуваат на вештачки извори на УВ-зрачење. Со оглед на тоа дека кожата сѐ памти, тешко е да се поправат наталожените оштетувања на клетките од УВ-зраците.

15. Стекнувајте нови знаења – Продолжете да учите нови работи низ животот. Стимулацијата на мозокот значи дека тој и понатаму добро ќе работи за вас, а вие сигурно ќе бидете посреќни затоа што сте откриле нови задоволства.

16. Масло од лаванда – За подобар сон и повеќе енергија по будењето, ставете неколку капки масло од лаванда на слепоочниците – тоа е најдоброто есенцијално масло за опуштање.

17. Не заборавајте на магнезиумот – Ова е неопходен минерал кој влијае врз правилното функционирање на организмот и ќе ви помогне да бидете фокусирани и да имате повеќе енергија во текот на денот. Покрај тоа, ги опушта мускулите и нервите, па му е потребен на секој што вежба.

18. Престанете да пушите – Јасно е дека никотинскиот чад има врска со развојот на одредени болести што ќе го скратат животот, какви што се развој на рак, срцеви заболувања или мозочен удар.

19. Прекинете ја врската со алкохолот – Ништо добро не може да произлезе од премногу алкохол, но може да сметате на можноста за проблеми со висок крвен притисок, срцеви заболувања, развој на некои видови рак и деменција. Чаша вино нема да ви наштети, но секое претерување е штетно.

20. Квалитетниот сон е важен – Ако не успеете да отспиете 7-9 часа, тоа може лесно да доведе до негативни последици, а она што веднаш ќе го почувствувате е сонливост во текот на денот и промени во расположението, а подоцна ви се закануваат и висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес, дебелина, анксиозност и депресија.
Од ова е јасно колку е важно добро да спиете. Веројатно веќе сте слушнале колку е важно секогаш да легнувате во исто време, а токму тоа е навиката на оние што немаат проблеми со сонот. Сè што има на себе екран, не треба да се користи пред спиење. Голем број студии покажаа дека таквите апарати (мобилни телефони, лаптопи…) можат да влијаат врз квалитетот на сонот.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо
Се вчитува....