22.8 C
Скопје
15:35 - 28 март, 2024

Ситуации во кои магнезиумот може да ве спаси

Магнезиумот спаѓа во групата на најважните минерали и е животно важна состојка на клетките на организмот. Неговата главна улога е активирање на многубројни ензими вклучени во создавање на енергија во телото, а особено се вреднува неговото влијание врз работата на срцето, контракцијата на мускулите и здравјето на нервниот систем. Магнезиумот учествува во минерализацијата на коските и е неопходен за здравјето и за виталноста на организмот.

Научниците до денес ја потврдија корисната улога на магнезиумот кај срцевите заболувања, високиот крвен притисок, атеросклерозата, дијабетесот, нервната напнатост, раздразливоста и немирот, превенцијата на мигрена и главоболка, бременоста и доењето, нарушувањата на спиењето, занимавањето со спорт, запекот (опстипација) и ждригавица, односно киселини во желудникот.

Профимедиа

Го намалува ризикот од дијабетес тип 2

Ако сте во ризичната група, ова е можеби најважниот ефект на магнезиум за вас. Истражувањето откри дека луѓето што редовно земаат магнезиум, имаат дури 17 отсто помали шанси да ја добијат оваа болест. Друга студија покажала дека луѓето што имале дијабетес тип 2 и земале додатоци во исхраната во облик на магнезиум 3 месеци, многу полесно го контролирале нивото на шеќер во крвта.

Гради силни коски

Многу хранливи материи се клучни за здрави детски коски, а една од нив е магнезиумот. Калциумот е важен, но не и поважен од магнезиумот, освен кај децата и младите што консумираат малку калциум, велат педијатрите.

Го намалува крвниот притисок

По прегледот на 34 студии во кои учествувале 2.000 лица со зголемен крвен притисок, научниците откриле дека консумирањето овој минерал влијаело врз намалувањето на крвниот притисок кај сите испитаници. Но, ако немате висок крвен притисок до денес, истражувањата велат дека магнезиумот не треба да се користи како превентивна мерка, бидејќи не дејствува.

Ја стопира мигрената

Од многуте можни причини, многу студии покажале дека луѓето со чести мигрени имаат пониски серумски концентрации на магнезиум. Истражувањата покажале дека кај луѓето што интравенозно примале магнезиум, се намалила зачестеноста на главоболките и нивните симптоми.

Профимедиа

Помага во работата на цревата

Магнезиумот е многу добар чистач на цревата. Како што го вариме, тој привлекува течност во цревата, што значи дека стомачните мускули се опуштаат, а цревата можат полесно да се испразнат. Може да се земе локално како многу ефикасен лаксатив, а е далеку помалку штетен од сѐ што може да се добие со рецепт. 

Го смирува чувството на стрес и го подобрува општото расположение

Може да помогне при вознемиреност, депресија, чувство на несигурност, раздразливост и немир и тоа го покажале многу студии, а според некои податоци може да влијае и врз емоциите што ги придружуваат ПМС.

Магнезиумот и тренирањето

Магнезиумот ја потпомага природната регенерација на мускулите по тренинг или активност со голем физички напор, ги намалува грчевите во мускулите и осигурува во клетките да се наоѓа доволно кислород за да го спречи процесот на производство на млечна киселина. Освен за работењето на мускулите, магнезиумот придонесува и за нормално функционирање на нервниот и на мускулниот систем, придонесува за намалување на заморот и исцрпеност како и за нормалниот метаболизам на создавањето енергија.

Извори на магнезиум

И пред да забележите дека ви недостига овој минерал, погрижете се да го земате во доволни количини. Можете да го најдете во оваа храна:

– Јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници)

– Семки од тиква

– Банани

– Тофу

– Овесна каша

– Грашок

– Какао

– Грав

– Брокула

– Кикирики

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....