20.8 C
Скопје
15:04 - 24 април, 2024

Разладете го домот во најтоплите денови без климатизер

Основниот совет е да се задржи повеќе сончева светлина и топлина надвор од станот.

Неопходно e да се проветруваат просториите ноќе и рано наутро. Вентилаторот може да биде многу корисен за време на голема топлина, а потрошувачката на енергија ќе биде значително пониска отколку кога се употребува климатизер. За овој метод да го даде вистинскиот ефект, предлагаме еден трик – набавете неколку шишиња, наполнете ги со вода и ставете две или три лажички сол во секоја од нив. Потоа ставете ги во замрзнувач преку ноќта.

Солта ја снижува температурата со што водата се замрзнува, така ќе добиете замрзнато шише. Наутро извадете ги шишињата и ставете ги пред вентилаторот. Не заборавајте да поставите прекривка подолу за одмрзнувањето. Се препорачува да бидат вклучени што е можно помалку електрични уреди, затоа што зрачат со топлина. Истото важи и за осветлувањето.

Затемнете ги просториите

За време на најтоплите делови од денот, прозорците е потребно да бидат секогаш затворени, со спуштени завеси и ролетни. Препорачливо е да ставите бели или лесни завеси на прозорците, бидејќи на тој начин се одбива светлината.

Задолжително туширање наутро и навечер

Влажноста на воздухот го прави просторот потопол. Затоа е неопходно да се пере облеката рано наутро или доцна вечер, а туширањето да се одвива во текот на најстудениот дел од денот.

Ставете мраз на зглобовите и вратот

Повремено можат да се поставуваат облоги со мраз на делови од телото. Туширајте се со млака или ладна вода, а кога ќе завршите не користете крпа за да ја избришете – оставете водата да испари сама.

Исклучете ги сите апарати

Во период  кога не сте дома, се препорачува да исклучите што е можно повеќе електрични уреди. Додека пак, кога сте дома во најжешките делови од денот, користете ги само оние уреди што навистина Ви се потребни. На пример, користете ја машината за перење рано наутро или доцна навечер. Пожелно е да се заменат обичните светилки со флуоресцентни. Светлината значително загрева, а флуоресцентни светилки се постудени.

Повеќе цвекиња во затворениот простор

Цвеќињата во затворен простор нема да помогнат да се излади просторијата во која престојувате, но многу е важно да се имаат затоа што произведуваат кислород. Меѓу другото ги отстрануваат непријатни мириси, така што воздухот ќе биде почист.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....