21.8 C
Скопје
12:06 - 28 март, 2024

Ова е куќата во која сакаат да живеат Меган и Хари: Прв сосед ќе им биде Мел Гибсон (ФОТО)

Куќата што се изнајмува, а моментално е во сопственост на ѕвездата на серијата „Спасувачка служба“, ги освои принцот Хари и Меган Маркл на прв поглед. Оваа прекрасна вила се наоѓа во Малибу, а многу ја нарекуваат „рај на фантазијата“.

Парот моментално живее во Канада во куќа која вреди 27,5 милиони долари, а откако ќе стигне решението од Кралството на 31 март, Хари и Меган сакаат да се преселат во Калифорнија.

Profimedia

Како што информираат странските медиуми, причината за преселбата е желбата на Меган да биде што поблиску до мајка ѝ која живее во Силиконската долина во Холивуд. Вилата во Малибу вреди 20 милиони долари и се наоѓа на простор од 1.138 квадратни метри. Во спалната соба има бања која е вистинско спа-царство, место каде што секој би посакал да престојува.

Profimedia

Освен основните спални соби, луксузната вила има огромна кујна, десет бањи, вински подрум, гаражи за четири автомобили, тениски терен, базен…

Profimedia

Доколку Меган и Хари се вселат овде, прв сосед ќе им биде Мел Гибсон.

Profimedia

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....