15.8 C
Скопје
12:00 - 20 април, 2024

Од фантастични до бизарни: Модни креации од доделувањата на Оскарите кои сите ги паметиме! (ФОТО)

Вечерва во Лос Анџелес се одржува 92-рото доделување на најпрестижните филмски награди – Оскарите, поради кои, како и секоја година, најмногу им се радуваме на модните креации кои ги гледаме на црвениот тепих.

На најпрестижното холивудско доделување на Оскари, модата е исто така важна како и добитниците, за што сведочат и некои незаборавни изданија на холивудските ѕвезди од досегашните Оскари.

Во продолжение погледнете неколку фантастични, но и бизарни модни креации од досегашните церемонии за доделување на Оскари кои ги паметат сите:

Шер (1986 година)

Иако овој фустан со навистина несекојдневен дизајн и голема перика на главата која ја носеше Шер на доделувањето на Оскарите во 1986 година, всушност беше прогласен за најлош оскаровски оутфит на сите времиња, сепак до ден денеска никој не може да го заборави.

Никол Кидман (1997 година)

Никол со своето издание на доделувањето на Оскарите во 1997 година носеше колекција од Диор, а фустанот кој според многумина одликуваше со непривлечни зелени нијанси, засекогаш ја промени модата на црвениот тепих и до ден денеска остана како едно до најпрепознатливите изданија на актерката.

Гвинет Палтроу (1999 година)

Покрај тоа што истата година Гвинет се закити со Оскар за најдобра актерка, таа успеа да ги маѓепса сите со својот прекрасен розов фустан со потпис на модната куќа Ралф Лорен.

Мет Стон и Треј Паркер (2000 година)

Креаторите на анимираната серија „South park“, на доделувањето на Оскарите одлучија да се појават во женски фустани, меѓутоа не во какви било, туку во реплики од легендарните изданија на Џенифер Лопез и Гвинет Палтроу. Подоцна и двајцата признаа дека за време на церемонијата биле под дејство на психоделичната дрога ЛСД.

Бјорк (2001 година)

Веројатно најпознатиот контроверзен оскаровски фустан е оној во облик на лебед, кој на престижното доделување во 2001 година го носеше исландската пејачка Бјорк, а нејзиниот изглед потоа го копираа и други познати личности, секако за хумористични цели.

Џулија Робертс (2001 година)

Истата година кога Бјорк го сврте вниманието кон себе со своето бизарно издание, Џулија Робертс пак, ги остави присутните без здив појавувајќи се во одлично издание кое останува запаметено до ден денеска.

Хали Бери (2002 година)

Хали Бери на доделувањето на Оскарите во 2002 година направи пресврт во трендот со голи фустани. Актерката на црвениот тепих гордо прошета во проѕирно издание, а сосема заслужено се наоѓа на сите листи за најдобри и незаборавни оскаровски изданија.

Шарлиз Терон (2004 година)

Истата година кога Терон доби Оскар, таа ги воодушеви сите и на црвениот тепих со својот светол фустан кој за Гучи го креираше Том Форд.

Мишел Вилијамс (2006)

Бојата која денеска, а посебно во минатото, немавме прилика да ја гледаме на свечените холивудски настани, всушност е една од причините поради која Мишел Вилијамс остави впечаток на Оскарите. Иако таа се појави во овој фустан пред 14 години, сепак прекрасната креација никој не ја заборави.

Анџелина Џоли (2012)


Оваа листа би била нецелосна без легендарниот момент од доделувањето на Оскарите во 2012 година, кога Анџелина Џоли ја покажа својата вита фигура и прекрасни нозе преку превезот на прекрасниот црн фустан.

Џенифер Лоренс (2013 година)

Актерката Џенифер Лоренс изгледаше како принцеза на доделувањето на Оскарите во 2013 година, кога си замина дома со Оскар за најдобра улога. Нејзината прекрасна Диор креација ќе се памети уште многу години.

Лејди Гага (2019 година)

Лејди Гага во 2019 година успеа да се запиша во историјата како прва личност која во истата година ги освоила наградите Греми, БАФТА, Златен Глобус и Оскар. Пејачката ги освои симпатиите и на црвениот тепих кога се појави во гламурозен црн фустан и се запиша во модната историја на доделувањето на Оскарите.

Били Портер (2019 година)

Покрај Лејди Гага, на минатогодишните Оскари во спектакуларен црн фустан заблеска и еден маж! За необичниот фустан со потпис на дизајнерот Кристијан Соријано, кој го носеше актерот и пејач Били Портер, се зборуваше со денови по церемонијата, па не се сомневаме дека ова негово издание на многумина засекогаш ќе им остане во меморијата.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....