21.8 C
Скопје
12:04 - 28 март, 2024

Неколку видови болка во телото кои не смеете да ги игнорирате!

Хипохондриците мислат дека секоја помала болка е причина за аларм. Иако најчесто грешат, постојат болки кои навистина не треба да ги игнорирате и мора да се упатите на лекар ако ги почувствувате.

Ова се седумте типови на болки кои не смеете да ги игнорирате:

Интензивна главоболка

Остра болка во главата, особено со таков интензитет каков што не сте почувствувале дотогаш не смеете да ја игнорирате. Таквата болка може да биде знак за внатрешно крварење како последица на аневризма, што може да заврши со смрт.

Непријатно чувство во градите, рамената и рацете

Непријатното чувство во градите, може да биде првиот симптом за срцев удар или пак симптом за воспаление на градите. Повеќето луѓе грешат кога мислат дека болката која е предвесник на срцевиот удар е силна, бидејќи таа најчесто започнува со чудно чувство во градите. Пред срцевиот удар најчесто човек почнува да чувствува болка во рамената, рацете и во делот околу срцето, а ако притоа тешко можете да земете воздух веднаш упатете се на лекар.

Болка во долниот дел од грбот

Најчесто причината за оваа болка е артритис, но не смеете да ја исклучите можноста од срцев удар и проблеми со абдоменот. Една од опасностите е пукање на аортата. Доколку подолго време патите од висок крвен притисок, а болката постојано се зголемува, одете на лекар.

Силни болки во стомакот

Најчеста причина за остра болка во стомакот е воспаление на слепото црево кое се наоѓа помеѓу колкот и папочната врвца од десната страна. Доколку местото стане чувствително на допир и почне да ви се грчи ногата одете веднаш на лекар, затоа што постои опасност слепото црево да прсне.

Болка во листовите на нозете

Една од најмалку познатите опасности е длабоката венска тромбоза. Тоа се грутчиња крв кои најчесто се појавуваат во нозете. Тромбозата може да стане опасна по живот ако се ослободи и се упати кон градите и срцето. Ако забележите оток на листовите на нозете придружени со болка, проверете се на лекар.

Боцкање во стапалата

Хроничното боцкање во стапалата често се јавува кај дијабетичарите, а можно е истото да е предизвикано и од недостаток на витамин Б, болести на бубрезите, слаба циркулација како и болести на крвните садови. Прво што треба да направите е комплетна крвна слика за да го откриете причинителот.

Болка во стомакот придружена со надуеност и проблеми при варењето

Ако ви се менува апетитот, а покрај тоа чувствувате и непријатност во стомакот подолго од две недели, веднаш одете на лекар. Тоа се всушност најчестите симптоми кај ракот кои пациентите не ги забележуваат.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....