13:28 - 19 април, 2024

Лекови од домашната аптека: Ѓумбир против мачнини, модри сливи против запек

Нашите баби и дедовци растеле и живееле со значително помалку лекови, споредбено со бројот на медикаменти кои секој од нас ги пие во денешно време и тогаш кога станува збор за незначителна болка, за која во никој случај не би требало да користиме терапија со таблети. Сепак, ретко кога денешниот човек сака да се изложи на болка, па така апчиња буквално се пијат и кога треба, но и кога навистина би можеле да се избегнат.
Така, иако нашите предци помалку се лекувале, тие исто така многу помалку и се разболувале. Тоа е така бидејќи тие во својата исхрана користеле исклучиво органски намирници кои освен како храна знаеле како да ги искористат и како лек. Одредени состојки кои во минатото се користеле за лекување на одредени болести, дури и до ден денес важат за поефикасен начин на лекување дури и кога за истата болест може да се пијат и медикаменти.

Солена вода
Солената вода е исклучително корисен лек кој треба сите да го знаат. Таа е одлично средство за намалување на болката во грлото а истовремено и одличен домашен рецепт кој ги уништува бактериите во нашата усна шуплина.

Токму затоа, доколку ве боли грло, овој бабин домашен рецепт многу ќе ви помогне. Сè што треба да направите е во ладна вода да растворите поголемо количество сол и со овој солен раствор да направите плакнење на грлото и усната шуплина.
Сепак, бидете внимателни кога се обидувате да се излечите со оваа солена вода бидејќи во никој случај не смеете да ја проголтате.

Ѓумбир против мачнини
На секој од нас му е познато дека ѓумбирот изобилува со бројни лековити својства и чудотворно делува на нашето здравје. Но кога станува збор за народната медицина, ѓумбирот се користи за намалување на мачнините што ги чувствуваме при одредени заболувања на дигестивните органи, но и тогаш кога сме претерале со јадење или пак со мешање на најразлични видови храна.
Па така една шолја чај од ѓумбир во текот на едно деноноќие може да ви помогне во намалување на болките во желудникот, а исто така ќе ви помогне и да ги намалите утринските мачнини и повраќања доколку се наоѓате во блажена состојба.

Модри сливи против запек
Модрите сливи во својот состав изобилуваат со голем број витамини и минерали, но и растителни влакна. Токму тие растителни влакна значително можат да помогнат во лесното варење на храната поради што пак речиси никогаш луѓето кои ги јадат редовно не страдаат од тврда столица.
Така, доколку неколку денови не сте биле во тоалет, обидете се за краток временски период да изедете колку што е можно повеќе суви сливи.

Слични објави

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо
Се вчитува....