14.8 C
Скопје
10:51 - 24 април, 2024

Како да ја одржите храната замрзната и по неколкучасовен прекин на струјата?

Иако за среќа не многу често, сепак секој се нашол во ситуација да не знае што да прави со складираната храна во замрзнувачот откако подолг временски период уредот престанал да работи, а храната почнала да се одмрзнува.

Ваквата состојба може да се јави од две причини: поради прекин на електричната енергија или поради расипување на замрзнувачот.

Во таква ситуација дилемата е што да се прави со замрзнатиот зеленчук, замрзнатото месо и овошје. Потоа се јавува и прашањето, дали еднаш веќе замрзнатата а потоа одмрзната храна, може повторно да ја замрзнеме и ј дали намирниците и понатаму ќе бидат безбедни за јадење.

Доколку замрзнатата храна почне да се одмрзнува бидејќи немате струја со часови, па можеби и со денови, во тој случај мора секој да знае дека во штотуку одмрзнатата храна за многу кратко време почнува размножувањето на бактериите, кои можат да бидат причина за влошување на здравствената состојба ако јадеме од таа храна.

Колку долго храната останува замрзната?

Колку долго замрзнувачот може успешно да ја одржува температурата откако подолг период нема струја или едноставно уредот се расипал? Ова прашање е многу често поставувано од сите што се нашле во таква ситуација. Според познавачите, одговорот е околу шест часа и тоа ако вратата е затворена. Овој период е земен како средна вредност. Ако во фрижидерот има малку храна, таа ќе се одмрзне во рок од еден или два часа. Од друга страна, пак, доколку замрзнувачот е преполн со храна, таа може да остане замрзната и во текот на целиот ден. Според ова, колку повеќе замрзната храна има во фрижидерот, толку подолго ќе остане замрзната, а со тоа и развојот на бактериите би бил помал.

Сепак, за да го постигнете тоа, мора да му одолеете на искушението постојано да ѕиркате и да ја отворате вратата на замрзнувачот за да проверите во каква состојба е храната. Со секое отворање, ризикувате покачување на температурата, а со тоа и побрзо одмрзнување на намирниците.

Како да знаете дали храната се расипала?

За да имате контрола врз ситуацијата, најдобро е во замрзнувачот да ставите термометар и на тој начин да знаете дали намирниците се добри за консумирање или не. Идеално би било кога температурата би ја одржувале околу нула степени Целзиусови и никако повисоко од тоа.

Некои намирници какви што се смрзнатото млеко, сирење, готвени јадења, сувомеснати производи или урда, препорачливо е веднаш да ги фрлите штом ќе видите дека комплетно се одмрзнале.

Ваквата храна многу брзо ќе го смени мирисот и бојата, што ќе биде доволен доказ дека веќе не е погодна за јадење.

Од друга страна, месото може подолго време да го оставите во замрзнувач бидејќи многу побавно се одмрзнува.

Се препорачува ако се сомневате во исправноста на храната, подобро е да ја фрлите отколку да ја јадете и на тој начин да си го загрозите здравјето.

Што да направите ако е најавено дека ќе снема струја

Доколку навремено се информирате и дознаете дека во вашето населено место поради одредени причини неколку часови ќе нема струја, во тој случај треба да направите реорганизација на храната во фрижидерот. Треба месото да го ставите на една страна, а зеленчукот на друга страна. Ова е потребно бидејќи, доколку дојде до одмрзнување на месото, тоа ќе почне да испушта сокови што ако дојдат во допир со зеленчукот, развојот на бактерии значително ќе се забрза, а квалитетот на сите намирници во замрзнувачот ќе опадне.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....