11.8 C
Скопје
21:04 - 28 март, 2024

Грчките домаќинки советуваат: Како да спречите пукање на капилари и проширени вени

Лечењето испукани капилари и проширени вени е долготраен процес, затоа најдобро е нивната појава да се спречи. Освен природни превентивни методи, во оваа област може да помогне и еден ефикасен рецепт.

Кога ќе се спомене темата за испукани капилари и проширени вени, најчесто прво се помислува на естетскиот момент, меѓутоа важно е да се спомене дека тие се последица на здравствени проблеми и лоши навики. Вистина е дека можат да бидат од наследна природа. Сепак, се јавуваат поради носење потпетици, претерано седење или стоење во текот на денот, прекрстени нозе, како резултат на дебелина или занимавање со спорт, кој создава голем притисок врз крвните садови и оптоварување на зглобовите.

Поради пореметување на хормоните, во пубертетот, менопаузата, бременоста, но и поради високите и ниските температури. Пукањето на капиларите може да го предизвикаат инвазивни козметички третмани, повреди, а се појавува и кога кожата губи еластин, во подоцнежните години.
Во продолжение ви даваме неколку совети како да ги спречите овие непријатни појави…

Слабата циркулација како еден од главните предизвикувачи

Ако нозете ви се тешки, чувствувате болка во зглобовите, чешање, пецкање, грчеви во текот на ноќта и имате честа потреба да ги помрднувате, можно е да припаѓате на групата на луѓе со слаба циркулација. Со самото тоа поподложни сте на пукање на капиларите и проширување на вените.

Станува збор за пореметување кое доколку не се лечи може да предизвика оштетување на кожата и поткожното ткиво. Всушност, застојот на крвта во нозете ја активира нејзината коагулација, пречи на циркулацијата на крвта во вените и може потполно да го блокира крвотокот и да доведе до згрутчување.

Ако ги забележувате симптомите што ги наведовме или знаете дека сличен проблем имале вашата баба или мајка, најдобро би било да посетите доктор. Тој ќе ви препорача превентивни методи, а за почеток можете сами да преземете неколку чекори.

Подобрете ја исхраната

Јадете цитрусно овошје и грав, поради витамините К и Ц, исто така, карфиол и спанаќ. Користете креми со УВ фактор за да ја задржите поцврста кожата.

Вежбањето нека ви стане навика

Возењето велосипед и функционалните тренинзи, јога и пилатес се најдобри за вас. Потрудете се што помалку да скокате и избегнувајте голема тежина. Стоејќи на врвовите на прстите ќе ги активирате мускулите на нозете. Што подолго сте во таа положба, тоа е подобро. Ако не сте љубител на вежбањето, потрудете се секој ден да шетате по еден час.

Топлината ѝ пречи на циркулацијата

Не користете сауна и туширајте се со млака вода.

Избегнувајте производи поради кои ќе се дебелеете

Одеднаш добиените килограми може да ги оптоворат зглобовите, што доведува до пукање на капиларите.

Козметика на природна база може да помогне

Пробајте во кожата да втриете масло од чемпрес или лимон. Исто така се покажало дека многу добро дејствува екстрактот од див костен, но и јаболковиот оцет.

Положба во текот на спиењето

Доколку во текот на ноќта ви се јавува трпнење и грчеви во нозете, ставете перница под нозете, така што стапалата да ви бидат на поголема висина од карлицата.

Носете компресивни чорапи

Станува збор за медицински производ кој совршено се лепи на женските мускули и создава олеснување. Спречува ширење на вените, го олеснува протокот на крвта, додека истовремено ја намалува болката и непријатноста која со себе носи проблеми на венската инсуфициенција, хронична венска болест. Чорапите не создаваат никаква непријатност. Прилагодени се да обезбедуваат добро држење без стегање во пределот на колковите и стомакот.

Ефикасен рецепт во борба против проширени вени и испукани капилари

Состојки:
– 100 гр сапун од козјо или овчо млеко
– 200 мл козјо или овчо млеко

Подготовка:
Најдобро е сапунот да нема никакви додатоци во себе. Изрендајте го на ситно и во него додадете млеко. Сето тоа се мати со миксер додека грутчињата сапун не се стопат и масата не стане како лосион. Овој лосион треба да се чува во стаклена тегличка во фрижидер. Се мачка со втривање и блага масажа, двапати дневно. Грчките домаќинки велат дека ефектот се забележува после првата потрошена тегличка, но советуваат да бидете упорни и да ги мачкате вените и капиларите сè додека потполно ги снема.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....