10.8 C
Скопје
09:00 - 20 април, 2024

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Доколку имате проблеми поврзани со очите, намален вид, болки во коските или во мускулите, задолжително почнете да консумирате овошја и зеленчуци во чиј состав има концентрирано поголеми количества витамин А.

Имено, витаминот А е многу важен за правилно функционирање на човечкиот организам, а последиците врз здравјето доколку овој витамин  „отсуствува“ од телото подолго време  се трајни.

Луѓето на кои им недостасува витаминот А, можат да претрпат сериозни оштетувања на некои од виталните органи, да им се намали видот, да дојде до трајно слепило, да им ослабне имунолошкиот систем. Потоа, доколку недостига витаминот А, тоа може многу да влијае и врз намалување на плодноста, но и да предизвика појава на брчки околу очите.

Појава на остеопороза

Недоволното количество од витаминот А во човечкиот организам може да биде причина и за појава на остеопороза, а претставува и сериозна закана за правилниот раст и развој кај децата доколку тие не јадат храна што во својот состав изобилува со овој важен витамин за кој малку се знае.

Според лекарите и научниците, недостатокот од витаминот А, најмногу од сè, влијае врз намалување на видот и појава на различни заболувања на коските.

Најризична група се смета дека се трудниците, а намаленото количество од овој витамин во телото кај секоја идна мајка, може да предизвика појава на кршење на забите, болки во ’рбетниот столб и задржување на водата во зглобовите. Покрај трудниците, во ризичните групи спаѓаат и жените што дојат, новороденчињата и малите деца.

Бројни симптоми

Симптомите што ќе покажат дали во телото има намалено количество витамин А се: сувата кожа, ноќното слепило, неплодноста, бавниот раст кај децата, честите воспалувања на грлото, бавно зараснување на раните, појава на акни и мозолчиња по целото тело.

Витаминот А можете да го надоместите со редовно земање одредени суплементи, но и доколку јадете соодветна храна. Ако сакате да му обезбедите доволно количество витамин А на телото, треба секојдневно да јадете некои од овие намирници.

Најдобро е да јадете путер, јајца, џигер, рибино масло, жолт зеленчук, моркови, дуња, спанаќ, зелка, кајсии, и сливи.

Внимавајте на количеството внесен витамин А во телото

Од друга страна, пак, внимавајте да не внесете преголеми количини витамин А, затоа што неговото зголемено количество во организмот може да предизвика штета исто како што може да предизвика штета и неговото постојано внесување. Поголемите количества витамин А се складираат во слезинката каде што доколку подолго време се задржи, може да стане токсичен.

Препорачаната доза витамин А за здрави и возрасни луѓе е од 700 до 900 милиграми на ден.

Слични објави

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо
Се вчитува....