Идеи за мајките: 8 работи кои можете да ги правите додека го доите своето бебе

Искористете го времето додека го храните своето бебе на најдобриот можен начин. Ова се нашите идеи како вие и вашето бебе да уживате во тоа време…

Доењето е нешто најдобро што можете да му го подарите на вашето дете. Сепак, тоа трае одреден период, а за вас тоа е одлична можност да седнете, да се опуштите и одморите воедно создавајќи прекрасна врска со вашето дете.

Во исто време доењето може и да ви заштеди многу време. Затоа издвојуваме кратка листа со работи кои можете да ги правите додека го доите бебето…

1. Зборувајте му на бебето, пејте му песнички

Нема подобар начин за уживање во блискоста, на овој начин ќе ја зајакнете врската и ќе му помогнете во развојот. Галете го бебето, нека го чувствува секој ваш допир и нека ужива, од неговите гестикулации ќе уживате и вие.

2. Јадете

Знаеме колку оброци прескокнувате поради обврските во домот околу детето. Затоа, додека јаде бебето, јадете и вие! Направете си вкусен и здрав оброк и уживајте во секој залак, бебето чувствува, па така и тоа ќе ужива.

Фото: Профимедиа

3. Пијте вода

Не заборавајте да се хидрирате редовно. Доколку заборавате на оваа обврска, која е повеќе од задолжителна за вие редовно да имате млеко, тогаш нека доењето биде на некој начин „доење со вода“ и за вас. Пијте колку можете повеќе здрави течности во денот.

4. Поврзете се со семејството

Секогаш можете да напишете неколку пораки, да обавите некој повик, па дури и преку видео, и така да поразговарате со најмилите.

Фото: Профимедиа

5. Зборувајте со вашата пријателка

Совршена прилика да го обновите вашиот социјален живот, дури и преку социјалните мрежи. Без оглед колку обврски имате околу детето, многу е важно да ги одржувате пријателските односи. Доењето е идеална прилика кога седите, не трчате наоколу, а бебето е целосно смирено.

6. Читајте

Доколку не ви е удобно покрај бебето да држите и книга, секогаш можете да читате онлајн. Технологијата има и многу добри страни.

7. Слушајте аудиокнига

Не сте тип кој сака да чита: Тогаш аудиокнигата е одличен избор за вас кој ќе успее да ве релаксира.

Фото: Профимедиа

8. Слушајте музика

Пуштете ја вашата омилена музика или некои смирувачки тонови и уживајте во нив. Затворете ги очите и дишете длабоко. И бебето ќе го обожава тоа, ви гарантираме. Музиката има терапевтстски удел во здравјето на бебињата.

Слични објави

ВИДЕО: Декорации во последен миг – Како набрзина да направите уникатни украси од ситници кои ги имате во домот!

Еспресо

Хју Грант во „Слом“: Кралот на романтични комедии се докажа и како сериозен актер во психолошки трилер

Еспресо

Карлеуша потполно гола во базен: Сите „зумираат“ на едно место (ФОТО)

Први фотографии од свадбата на Џастин Бибер: Хејли во венчаница како од соништата!

Igor

БЕБЕТО НА КИМ И КАНЈЕ ДОБИ БИБЛИСКО ИМЕ: Среќните родители објавија како ќе се вика

Igor

СЕКС НА ПРВ СОСТАНОК: Да или не?

Igor

Остави Коментар

18 + 5 =

Слични објави

ВИДЕО: Кога ќе се збогуваат со Белата куќа, тука ќе го продолжат својот живот – Доналд и Меланија се селат во својата најраскошна вила!

Еспресо

Сораја на базен: Ниту еден костим за капење не може да ги скроти овие „балони“ (ФОТО)

Igor

„Кога Тито после пет секунди од нашата свирка ги затна ушите, не симнаа од бината“

Igor

Кралицата Максима во костим за капење: Глетка која ретко се гледа! (ФОТО)

Еспресо

5 намирници за силна ерекција

Igor

Вера Венг ја откри тајната за нејзината витка линија во седмата деценија: Коктели, работа и спиење!

Еспресо