10.8 C
Скопје
23:39 - 19 април, 2024

Психолошки профил на хороскопските знаци: Има Риби кои се многу опасни и такви кои се само храна

Рибите важат за пасивен и променлив знак, кој може да биде и многу тврдоглав, упорен и доследен кога е во прашање некој идеал или личност која ја сака. Како што постојат мали и големи риби, така и меѓу зодијачките Риби има некои многу опасни, како и некои кои се само храна на таквите! Како што лебдат рибите во водата имаат еластични и меки движења, додека го перцепираат надворешниот свет како ограничен.

Во истражувањето на таквиот свет полесно се опуштаат кога се дел од некоја заедница или група. Но, она што ги привлекува на прв поглед, да бидат дел од група, подоцна знае да им претставува и големо ограничување. Може да се каже дека цел живот балансираат помеѓу прифаќање и спротивставување на ограничувањата. Во суштина се многу контрадикторни; некои ограничувања ги прифаќаат како нормални, а понекогаш ќе се побунат и против секојдневни обврски, како што е на пример, одење на работа во исто време.

Живее во свет од соништа и мечти, а во реалноста не се снаоѓаат најдобро. Постојано забележуваат работи, кои кај другите поминуваат незабележани. Рибите не се преокупирани со детали, туку со целината. Ги краси бујна фантазија, креативност, интуиција и визионерски дух, а често поседуваат и редок талент и способности. Најдобро работат во мирна атмосфера и взаемна инспирација, бидејќи длабоко ги чувствуват негативните влијанија. Се изразуваат со бои, стихови и музички движења, но често и сами знаат да ги истакнат и искористат своите способности, не им потребна помош.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....