6.8 C
Скопје
04:04 - 18 април, 2024

Никогаш не се предава, а колку е постар, толку е подобар: Психолошки профил на хороскопскиот знак Јарец

Јарецот е прилично контрадикторен знак. Песимистичен е, депресивен и внимателен, но секогаш цели кон успех работејќи да постигне нешто. Никогаш не се предава, а колку е постар, толку е подобар. Учи од грешките од своето и туѓото искуство, се дообразува и усовршува, па со праади „ладното“ држење, оди со високо крената глава и не се интересира многу за она што се случува околу него. Но, тоа не значи дека ништо не забележува.

Повеќе е набљудувач отколку активен учесник, а тоа му помага подобро да ја запознае околината и да одлучи како ќе се постави. Знае одлично да ги контролира чувствата и не се возбудува заради ситници. Нема многу пријатели, а оние малкумина кои така може да ги нарече, ги познава многу долго. Не зема ништо туѓо, а не го дава со драга волја своето.

Некои ќе го наречат скржав, но тој е само рационален и штедлив. Кога купува, купува малку, но добро – само квалитетни и потребни работи. Копнее за моќ, сака да има влијание и да стекне вреден капитал. Ги почитува луѓето кои постигнале нешто во животот, а мрзеливите посебно го нервираат. Личностите кои имаат авторитет го привлекуваат како магнет, а додека сами не го стекнат, ќе им се поклонуваат со задоволство.

Во детството се потемпераментни од нивните браќа и сестри, посилни од врсниците, родителите, наставниците. Кога ќе пораснат, задолжително се покрај некој кој значи нешто во друштвен поглед или во неговата средина.

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

„Многу ми се налути“: Јелена Карлеуша откри дека Канје Вест ја блокирал на Инстаграм

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ се расплака на концерт: Пејачката не можеше да ги запре солзите

Еспресо

Ин мемориам: Почина Антон Андов, уредник на постпродукција на „Слободен печат“

еспресо

Се огласи Тони Бијелиќ по тврдењето дека со Мелина е во Монако: Еве како Харис реагираше на ова

еспресо
Се вчитува....