9.8 C
Скопје
20:53 - 25 април, 2024

Хороскоп за 5 август: Стрелци се заинтересирани за врска без обврски, Рибите расположени за флерт

Овен
Денес ќе настојувате да дофрлате саркастични коментари, па внимавајте да не повредите некого. Обидете се денот да го поминете во релаксација и уживајте во слободното време. Во љубовта ќе имате потреба да бидете многу искрени и отворени. Не заборавајте дека партнерот е секогаш овде за да ве ислуша.

Бик
Ќе ги прифаќате луѓето онака како што сакате и вие да бидете прифаќани. Сите ќе се чувствуваат одлично покрај вас, разбирливо е зошто телефонот нема да престанува да ви ѕвони. Покана за состанок од интересна личност. Ако сте во врска, со партнерот ќе имате моменти кога ќе комуницирате само со поглед.

Близнаци
Избегнувајте поголеми вложувања и ризични работи. Чувајте ги своите пари и довербата давајте им ја само на одбрани личности. Покажете ѝ на саканата личност дека сте подготвени вашиот однос да напредува. Можеби сакате заеднички живот. Избегнувајте алкохол, особено во текот на топлите денови.

Рак
На работа јасно ќе ви стават до знаење дека го почитуваат вашиот труд и професионалност. Тоа уште повеќе ќе ве мотивира за понатаму. Доаѓа до сѐ поголема хармонија во личните односи, а вие ќе бидете задоволни. Работите се одвиваат како што треба. Врската со саканата личност се искачи на повисоко ниво.

Лав
На поле љубов имате потреба од сигурност – не плашете се да му го кажете тоа на партнерот. На некои Лавови ќе им легнат пари на сметка. Други ќе осмислат уште подобар начин на заработувачка. Трети ќе работат повеќе надевајќи се на поголем приход. Како и да е, сѐ ќе се врти околу финансиите и заработувачката.

Девица
Потрудете се да не бидете брзоплети. Се чувствувате осамено и сакате нова љубов, но сѐ уште не се појавила личноста која ви одговара. Ако сте во врска, кај вас расте незадоволството од партнерот. Тој покажува љубомора и постојано е подготвен на расправии, дури и околу неважни нешта. Сакате да побегнете од него.

Вага
Oчекувате големи промени во текот на денешниот ден. Работната ситуација ви се одвива по план. Имате можност да го покажете талентот и умешноста. На работното поле се гледа значаен напредок. Може да очекувате поволен ден за почеток на нова врска. На некој начин ќе бидете подготвени на компромис во љубовта.

Скорпија
Денес ќе ве привлекуваат необичните искуства, но добро размислете за последиците. Очајно ви е потребен одмор, па немојте да се чувствувате виновно кога ќе се релаксирате. Обидете се да не се фокусирате на негативните мисли и обрнете внимание на убавите нешта во вашиот живот. Чувајте ги бубрезите.

Стрелец
Доколку денес склопувате некој договор поврзан со работата може да очекувате дека ќе бидете задоволни на подолги патеки. Партнерот ви е многу посветен и вашиот однос во иднина може да напредува. Слободните Стрелци се заинтересирани за врска без обврски. Сега не се подготвени за постабилна врска.

Јарец
Вашиот однос со саканата личност може да се менува на подобро, но потребно е да вложите повеќе труд и да бидете искрени. Работното поле може да ви биде неповолно поставено денес. Можно е да не сте задоволни од околностите. Имате претчувство дека некој ви работи зад грб, а истовремено е премногу љубезен кон вас.

Водолија
Не е добар ден за љубов, со некој близок имате недоразбирања и кавги. Ќе треба да поработите на една работа заостаната од порано. Веројатно се работи за пренамена или некакви корекции. Во вашиот приватен живот работите се одвиваат како што треба. Поради тоа неумесни прашања не ве загрижуваат.

Риби
Активни сте во областа на љубовта и флертувањето. Очекуваjте стабилност во која ќе бидете задоволни. На професионално поле, нема да можете да ги реализирате вашите планови. Ќе имате многу нови компликации. Планирате многу нови работи во иднина. Освен планирањето, треба и реализирање на плановите.

Слични објави

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо
Се вчитува....