10.8 C
Скопје
08:32 - 20 април, 2024

Хороскоп за 20 август, четврток: Бикови, бидете умерени, за Раковите среќен ден

Овен
Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време. Начинот на кој зборувате им создава пречка на луѓето да ви пристапат. Вие оддавате впечаток дека другите луѓе ве заморуваат, но всушност вашата импулсивност е виновна за тоа.

Бик
Бидете умерени кога работите не одат по ваша желба во врската затоа што дрскоста ќе ви донесе само дополнителни нервози. Вашата врска не функционира баш најдобро, а денеска ќе мора да реагирате на една работа, што ќе ви одземе дел од времето што сте планирале да го минете со саканата личност.

Близнаци
Сериозните одлуки на работното место оставете ги за друг ден. Не се залетувајте по најголемите залаци. Ако одамна посакувате да промените нешто кај себе, ова е одличен ден за да преземете конкретни чекори. Можно е да не ви е лесно да ги признаете чувствата, имате впечаток дека партнерот не ве гледа со истите очи.

Рак
Ова е убав ден во кој ве чека среќа, но ќе внимавате да не навредите некој и да не ги налутите своите пријатели. Еден ваш близок пријател ќе има силно влијание врз вас денес и ќе ве натера да го смените својот став кон него или неа. Не провоцирајте завист кај другите. Не сте сигурни што чувствувате кон саканата личност.

Лав
На професионално поле денес очекувајте потврда околу некоја нова работа која сте ја планирале. Пред вас е позитивен ден. Во љубовта ве очекува почеток на нова комуникација со личност која досега не сте ја забележувале. Од вашето ново хоби може да добиете неочекувана финансиска состојба, посветете му се.

Девица
Најверојатно ќе мора да направите промени во плановите. Ако планирате некои екстремни ситуации бидете подготвени да имате и план Б, ако работите не излезат како што треба. Некоја порака од поранешен близок пријател ќе ви донесе голема среќа. Долго време се обидувате да разјасните една мистерија во врската.

Вага
Учите како да верувате во себе. Физички сте изморени и потребен ви е свеж воздух. Испланирајте некое патување. Ќе остварите нови пријатни контакти на работното место, но не притискајте премногу. Ќе имате незаборавна средба со личност од спротивниот пол која комплетно ќе го растресе вашиот свет.

Скорпија
Малку ви е здодевно и чувствувате дека се задушувате во темпото на вашето секојдневие. Дозволивте да западнете во шаблон. Помислете на работите кои некогаш ви беа вистинска страст и посветете се на најмалку една од нив. Промената ќе ве воодушеви. Сродната душа ве чека зад аголот.

Стрелец
Екстремно успешен период, на сите полиња и околности. Постигнете ја својата цел храбро, но истовремено бидете претпазливи да не навредите некој од блиските пријатели. Колку повеќе ќе се трудите, толку повеќе ќе постигнете. Премногу се исцрпивте минатиот период, но ќе ги собирате плодовите од тој напор.

Јарец
Слободен ден е токму она што лекарот ви го наредил. Обидете се да се одморите малку. Поминете време во друштво на добра книга. Излезете со пријателите, но не лудувајте, туку поминете убава вечер во некој ресторан. Погрижете се за вашите основни потребни за да се освежите. Сѐ на крајот ќе си седне на своето место.

Водолија
Бидете конкретни ако барате да ве поддржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротивното од она што вие сте го замислите. Чекорите напред, подготвени сте да успеете во сѐ што сте наумиле.

Риби
Пред вас е ден во кој, пред сѐ, ќе се занимавате со организација на нови работи. Можете да очекувате дека ќе бидете многу зафатени, но и многу продуктивни. На љубовен план можно е да сонувате околу средба со личност која ви се допаѓа. Мала здравствена непријатност, ќе имате проблеми со стомакот, вообичаени во лето.

Слични објави

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо
Се вчитува....