25.8 C
Скопје
15:56 - 29 март, 2024

Дневен хороскоп за ден 28.11.2020: Овните цел викенд ќе уживаат во опуштено издание, а Девицата ја очекува забава

Овен

Време е малку да излезете од дома, појдете некаде. Уживате да ги поминувате деновите дома и тоа е во ред, но тоа не значи и дека треба да бидете во кревет цел викенд! Можеби ќе се почувствувате одлично во друштво, а потребно ви е дружење бидејќи сте на работ од премногу акумулирана нервоза која во секој момент чека да експлодира.

Бик

Мора да се поврзете со вашите колеги на подлабоко ниво, ако сакате да имате поголем успех на работа. Денес некој од нив ќе ви дозволи да влезете во неговиот личен живот. Иако тоа ќе ве изненади, слушајте внимателно што ви кажува. Вашиот изглед и шарм ќе бидат причината што бројни комплименти ќе бидат упатени кон вас.

Близнаци

Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот, за да ја импресионирате другата страна. На деловно поле, ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи, тогаш треба да ги оправдате со сериозно залагање. Сите врати ви се отворени, но многу е важно како вие ќе играте и како ќе се покажете пред надредените лица.

Рак

Никако не ви оди комуникацијата со пријателите. Ви се допаѓа личност која е во странство. Не сте сигурни дали врската на далечина може да опстане. Премногу сте љубоморни и тоа може да ви донесе проблеми во врската. Обидете се да не реагирате бурно и да не го повредите партнерот со зборови. Затоа што не можете да разговарате лице в лице.

Лав

Доаѓаат некои неочекувани промени на кои нема многу лесно да се прилагодите. Можеби сте разочарани во љубовта и поради поранешните врски во кои страдавте, па ја изгубивте верба во можноста за нова љубов. Ќе ви се укаже можност за ново познанство со личност која ќе сака врска со вас. Вие и понатаму сè ќе ставате под лупа.

Девица

Во секој случај ќе имате среќа во текот на целата недела. На работа сè ќе оди како подмачкано. Собрани со друштво кое не сте го виделе одамна, заедно ќе евоцирате спомени. Некои од вас ќе имаат можност да разберат нешта за кои никогаш порано не претпоставувале дека можат да се случат. И во едно од тие нешта, ќе дознаете кој е ваш непријател.

Вага

Силните страсти и желбата да биде само по ваше може да ви предизвика само проблеми – ќе се судрите со отпор и ништо чудно да си ја ударите главата во ѕидот. Денес ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Обидете се да бидете пореалистични со вашите очекувања. Љубовните маки ќе потраат, но на крајот ќе успеете да ги совладате.

Скорпија

Трудете се да остварите добри резултати на работа. Подготвени сте да се посветите на вашите обврски. По долго време може да очекувате познанство на љубовното поле. Се чувствувате подготвени за почетокот на нова врска. Со личноста што ќе ја запознаете, макар на почеток и да ви изгледа дека немате ништо заедничко, не откажувајте се веднаш на првата препрека.

Стрелец

Вашиот оптимизам ќе биде заразен и ќе добиете што и да посакате. На работното место ќе имате можност за напредок, но размислете дали треба да ја искористите. На љубовно поле ситуацијата станува подобра. Ако сте сингл, размислете за вашето однесување. На работното место слободно кажете го вашето мислење, сигурно ќе бидете во право.

Јарец

Денес треба да ги отворите ширум очите и ушите. Можни се мали конфликти со претпоставените. Во прашање се некои сплетки. Ве очекува фаза во која ќе имате нестабилна состојба во областа на работата. Во моментов имате проблеми со саканата личност и не е лесно да ги решите. Потрудете се максимално за да не ве боли главата отпосле.

Водолија

Слушајте ги другите што зборуваат, некогаш се заборавате со вашите теми. Бидете тука за другите и дајте им шанса да си го изразат мислењето и чувствата. На професионално поле ритамот на работа забрзува, бидете во чекор. Во љубовта размислувате како да ја подобрите ситуацијата, а посебно сте фокусирани на заедничкиот дом.

Риби

Препорака е да поведете сметка за своите трошоци во наредниот период за да немате поголеми проблеми. Во љубовта потрудете се да изградите постабилен однос со вашиот партнер. Со мир и слога се градат огромни работи. Тоа е случај и со вашата врска. Ако сте мудри, со партнерот ќе ги договорите следните чекори во врската. И тоа во ваша корист.

Слични објави

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо
Се вчитува....