10.8 C
Скопје
02:17 - 24 април, 2024

Дневен хороскоп за 9 декември: Љубов, здравје и работа!

хороскоп

Овен
Чувствувате голема потреба да доминирате на работното место и во вашето деловно опкружување. Понекогаш сте напорни и тешки. Имате сила да се борите со предизвиците и исклучителната креативна моќ. Не присилувајте го партнерот ако сакате да доживеете убави моменти. Она што некогаш сте си го ветиле, денес полека се остварува.

Бик
Неделава ја почнaвте инспирирани од високите цели. Вашата одговорност ќе дојде до израз кога работите ќе тргнат во погрешна насока. Верувате во себе, колегите ве следат. Нема да има непремостливи пречки за вас. Можно е ново познанство кое ќе ве размрда малку. Една водолија или скорпија ќе ви го направат денот поубав отколку што изгледаше на почетокот.

Близнаци
Добивате поволни вести поврзани за судски процес. Тој е завршен, а пресудата е донесена во ваша корист. Што се однесува до вашата врска, вие сте мошне срамежливи и затоа не му покажувате на вашиот партнер колку се грижите за него. Денес ќе се поврзете со личности со кои не сте контактирале подолго време. Ќе слушнете добри вести од нив.

Рак
Што и да се случува во вашиот љубовен живот е многу комплицирано и потребна ви е јасност. Не сте отворени за нови изненадувања. Ја барате вистината, но вашиот партнер не е подготвен да ви ја каже. Понекогаш вистината ви е пред очите, но вие не сакате да се соочиме со неа, сакате гласно изјаснување од партнерот. Ве очекуваат бурни времиња.

Лав
Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности. Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нереално, па ќе мора да ги убедувате. Некои од нив немаат толку големи амбиции, па сè им изгледа како ризик.

Девица
Ако ви е потребен нов пријател, ова е идеален ден за тоа. Емпатијата кон луѓето ќе ви биде огромна, па ќе умеете да го гледате светот низ туѓите очи. Одличен ден за поставување темели за еден крупен и долгорочен договор, кој финансиски ќе ви се исплатува. Не спречувајте ги емоциите да се излеат, најдобро ќе се чувствувате ако бидете искрени.

Вага
Многу добро сте организирани и прилагодливи. Не дозволувате ненадејни тешкотии да предизвикаат стагнација или конфузија, бидејќи ги решавате во итна постапка. Партнерот сака да има подобра комуникација со вас. Тој инсистира да поминувате време сами. Да се посветите еден на друг и да направите поголеми планови за вашата иднина.

Скорпија
Се стремите кон успех. Сте направиле дури и список на вашите идеи и предлози. Работниот план е детален и се одвива онака како што сте го замислиле. Друштвено сте ориентирани. Вие сте голем оптимист кога станува збор за соработка со странци. Имате потреба да бидете опкружени со луѓе, но никој не буди емоции во вас. Уживате во сегашните моменти.

Стрелец
Ќе комбинирате дискреција и гласност. Така, еден ден ќе живеете како кротка личност, посветени на својот дом и доблестите, а веќе следниот ден ќе бидете главна личност на забава, каде сите добро ќе се забавуваат. Ако сте во врска, во љубовта владее мирна атмосфера. Ако имате какви било грижи, отворено разговарајте со партнерот, тој ќе ви помогне.

Јарец
Водете сметка за најмалите деловни детали. Ништо не оставате на случајноста. Задоволни сте што нема изненадувања и тешкотии. Се обидувате да ја освоите личноста која ви се допаѓа, но таа мисли дека не сте целосно искрени. Склони сте да си ги преценувате личните способности и можности. Нема причина за тоа. Здравјето е задоволително.

Водолија
Без оглед на ненадејниот налет на страст и емоции, избегнувајте емоционални предизвици или флертување со личност која има невообичаена репутација. Најдобро е да бидете воздржани од невообичаени идеи или да се сретнете со соработниците кои не ги исполнуваат вашите критериуми. Преморени сте од работата, потребно ви е опуштање.

Риби
Не ги игнорирајте денешните идеи – вреди да им посветите внимание и да се обидете да ги реализирате. На професионално поле сакате да направите промена во начинот на работење, па фокусирајте се на тоа. На емотивното поле, знаете кон каде сакате да се движи вашата врска. Слушајте ја интуицијата и нема да погрешите. Очекувајте убави моменти

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....