9.8 C
Скопје
05:34 - 19 март, 2024

Дневен хороскоп за 2 ноември

Овен
Денес, можеби ќе бидете незадоволни од она што се случува на деловната сцена. Очекувавте многу од еден проект или соработка и сега сфаќате дека не можете да исполните некои од барањата на другата страна. Ќе се обидете да постигнете договор, но тоа ќе биде тешко. Партнерот нема да може да ве препознае, вие сте се повлекле и молчите.

Бик
Ве очекува напорен ден. Пред вас е период во кој деловните проблеми може да се нанижат еден на друг. Ве очекува конфликт и недоразбирање со колегите. Можни се и проблеми поради некоја поранешна љубов. Подготвени сте за нови познанства. Чувствувате потреба да бидете сакани и да најдете личност за себе. Внимавајте на кого му завидувате.

Близнаци
Одлична љубовна ситуација за оние што се во врска или брак. Чувството на незадоволство го оставивте зад себе, насочени сте кон партнерот и ви одговараат заедничките моменти исполнети со задоволство и страст. Немојте здраво за готово да ги земате ваквите ситуации и да сметате дека сега е во ред и дека не треба да продолжите да се трудите.

Рак
Поволен ден за остварување на амбициите. Очекувајте дека судбината ќе биде на ваша страна. Ако сте планирале почеток на нова соработка, може да постигнете договор на темата сега. Можно е вашиот однос со партнерот да е во мала криза, и да не се сложувате најдобро. Сакате сигурност покрај партнерот, сериозна врска која може да трае на долги патеки

Лав
Ќе имате поддршка, а тоа ќе ви биде од клучно значење за идниот период. Одржувате контакти дури и на далечина. Немојте да одите во погрешна насока, размислете ги однапред чекорите. Не грижете се премногу за работи кои не се во ваша контрола – опуштете се и живејте за моментот. Искористете го максимално. Ќе мора да се жртвувате за доброто на врската.

Девица
Малку трпение и компромис ви се потребни зошто може да кажете нешто без размислување и импулсивно. Можни се шанси за брза заработка, меѓутоа потребно е да бидете смирени и работите да ги правите полека за да не си ги уништите добрите можности. Мора да ги средите мислите. Денешниот ден ви носи мали расправии во односот со партнерот.

Вага
Подготвени сте да го започнете креативниот проект кој го сакате и кој го планирате долго време. Страста која ќе ви струи во телото ќе ви помогне да создадете нешто со коешто ќе се гордеете долго време. Ќе бидете ставени на тест. Некој се сомнева во вашите способности, и заради сопствената сигурност, ќе сака да ве тестира, за да се увери.

Скорпија
Периодов може да имате нови случувања на работно поле. Пред вас е момент на одлуки. Потребно е да се посветите на деловното опкружување и комуникацијата со колегите за да изградите подобри односи. Постојат неразјаснети околности во врската и некои работи ќе излезат на виделина. Ако сте сингл, ќе ви се допадне личност која не ја познавате сосема добро.

Стрелец
Сметате дека околностите на вашето работно поле не се добри и мора да направите нешто за да ги промените. Ќе бидете претерано загрижени и ќе се оптоварувате со сопствените мисли, но обидете се да се опуштите. Се занимавате со своите емоции, работите на себе и моментално не се чувствувате подготвени за нова врска. Ви треба мир.

Јарец
Она што е најважно, немојте да дозволите некои ситуации „од страна“ да ве повлечат, да се вплеткаат во приказни кои ќе ви бидат интересни или кои ќе донесат нота на предизвик. Очекувајте голема активност на деловно поле – многу состаноци, контакти со бизнис партнери, соработници. Свесни сте дека плановите почнаа да се движат. Ќе дадете сѐ од себе.

Водолија
На работа, периодот на стагнација конечно завршува. Подготвени сте да се посветите на саканите промени. Денот ви носи полно предизвици кои ќе мора да ги надминете ако сакате да бидете успешни. Партнерот ќе ви покаже дека искрено му значи вашата врска да напредува. Ако сте сингл, во вашето опкружување доаѓа до спојување со маркантна личност.

Риби
Неповолен ден за сите на емотивно поле. Без разлика дали сте во емотивна или брачна врска – ќе имате љубовни проблеми. Добар совет би бил и тоа како да ги искористите претстојните денови за да го подобрите односот со саканата личност, да решите некои заеднички прашања кои ве мачат и дополнително да се врзете еден со друг, и да ја стабилизирате врската.

Слични објави

„Немам дечко веќе 40 дена“: Дара Бубамара отворено за мажите и врските

Еспресо

(Видео) Лозано има нова песна, слушнете ја „Бариера“

еспресо

Невкусен мајтап на Ким Кардашијан на сметка на „исчезнатата“ принцеза: „Одам да ја најдам Кејт“

еспресо

(Видео) Теа Таировиќ провоцира: Пејачката заводливо танцува во тесни хеланки

jasmina.kantardzieva

(Фото) Популарниот диџеј Дејвид Гета третпат стана татко: „Сијан, добредојде“

еспресо

(Фото) Прва фотографија од Амиџиќ со синот: Мина „улови“ емотивен момент, Огњен го држи Перун на градите

Еспресо
Се вчитува....