8.8 C
Скопје
04:17 - 19 март, 2024

Дневен хороскоп за 14 декември: Не се двоумете, направете го првиот чекор

Овен
Од вас денес ќе се очекува многу, па затоа обидете се да ја оправдате довербата што ви ја нудат. И покрај несоодветните услови вие и понатаму работите и на своето и на усовршувањето на вашите соработници. Во ваша близина се наоѓа некоја личност, за која може да имате љубовни мисли. Посакувате тоа и да се оствари!

Бик
Ќе налетате на неколку луѓе кои ви завидуваат, но лесно ќе се справите со сите нив. На работното место ќе имате можност да работите во тим, а со ова ќе ја подобрите комуникацијата со колегите. На љубовно поле ве очекува позитивна промена. Ако сте сингл, направете го првиот чекор. Ако сте во врска, немојте да се изолирате од партнерот.

Близнаци
Ве очекува мошне хаотичен ден. Со неизвесности. Ќе бидете на два ума во врска со донесување на некоја важна одлука од која ќе зависат многу работи во вашиот живот. Помошта е неопходна и најдобро е да ја побарате од некој близок кој се грижи за вас. Внимавајте со трошењето затоа што во иднина ќе имате потреба од пари.

Рак
Денес ќе добиете добар глас во врска со парите. Финансиска помош што не сте ја очекувале. Не опуштајте се предвреме и не трошете повеќе одошто можете. Добивката може да ја очекувате на крајот на неделата. На емотивен план е можна нова авантура. Таа личност комплетно ќе ви го одземе здивот. Помислете малку пред да се залетате.

Лав
Пред вас е уште еден ден со фрустрации, кога станува збор за љубовта. Речиси ништо нема да ви оди од рака. Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред, работа, дисциплина и одговорност. Претпоставените ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус, на подобро.

Девица
На емотивен план, ако сте сингл, можна е нова авантура. Ако сте во врска, во љубовта ви е стабилно. Но, немојте да го лажете партнерот, во спротивно, сѐ ќе отиде во ветар. Признајте ги грешките, ќе ви биде простено. Поради вашата искреност, уште повеќе ќе ве почитува и сака. Немате причина за страв, сè ќе се среди.

Вага
Нема излез, сериозно мора да направите чекор назад и да размислите за работите. Полни сте со идеи, но оставете го тоа за друг ден. Пријателствата ви се поважни од љубовта. Со партнерот мора да ја вратите некогашната топлина. Ако сте сингл, повторно се враќате назад во минатото и посакувате средба со една личност.

Скорпија
Не сакате да ја пропуштите ненадејната можност за емотивно зближување. Одговорете на нечии „сигнали“ или љубовна порака. Ве привлекуваат големи деловни предизвици или можноста да ги тестирате своите вештини под невообичаени услови. Треба да разгледате различни настани во деловната сцена и вашата улога.

Стрелец
Со партнерот ќе станете исклучително блиски и ќе се стремите кон дијалог за да го најдете решението за вашите проблеми. Доколку се одлучите да започнете сопствен бизнис, ќе успеете да го промовирате повеќе од кога било преку средствата за комуникација, а во комуникациите – знаете веќе – вие сте мајстор!

Јарец
Изгледате премногу вознемирено, носите погрешна одлука и инсистирате на своите намери. Профилтрирајте ги мислите и чувствата. Избегнувајте каква било непотребна возбуда или обврски што ве исцрпуваат психофизички. Размислете со кого треба да контактирате за одреден вид на услуга. Не се сите луѓе од доверба.

Водолија
На работа вашата креативност ќе ги надмине границите, па очекувајте награда од вашиот шеф. Одредени пријателства се доведени во прашање. Со своите способности ќе ја освоите секоја личност. Во вашето најблиско окружување имате личност која многу ви помага, но се обидува постојано да ве контролира. Не дозволувајте го тоа.

Риби
Кога станува збор за љубовта, ќе почувствувате како да ви игра срцето. Денес јасно ќе ги видите намерите на сите околу вас, а ова ќе ви помогне да сфатите како треба да постапувате. На работното место време е да надополните за испуштената работа. Завршете ги сите обврски што ви останале од вчера.

Слични објави

„Немам дечко веќе 40 дена“: Дара Бубамара отворено за мажите и врските

Еспресо

(Видео) Лозано има нова песна, слушнете ја „Бариера“

еспресо

Невкусен мајтап на Ким Кардашијан на сметка на „исчезнатата“ принцеза: „Одам да ја најдам Кејт“

еспресо

(Видео) Теа Таировиќ провоцира: Пејачката заводливо танцува во тесни хеланки

jasmina.kantardzieva

(Фото) Популарниот диџеј Дејвид Гета третпат стана татко: „Сијан, добредојде“

еспресо

(Фото) Прва фотографија од Амиџиќ со синот: Мина „улови“ емотивен момент, Огњен го држи Перун на градите

Еспресо
Се вчитува....