8.8 C
Скопје
22:33 - 28 март, 2024

Дневен хороскоп за 12.13.2020: Кај Бикот ќе преовладува љубомората, а Овенот ќе ги игнорира емоциите

ОВЕН

Дејствувајте со умерено темпо и известување на степенот на влијание на одделните личности или настани. Потрудете се да ги анализирате случувањата и да реагирате мудро, игнорирајќи ги емоциите. Намалете ја иницијативата како на личен, така и на деловен план.

БИК

Ве очекуваат нагли промени на работно поле и некои настани кои не сте ги очекувале. Љубомората би можела да почне да ви претставува голем проблем во однос на саканата личност денес. Проверете ги бубрезите.

БЛИЗНАЦИ
 
Постепено може да ги остварите своите работни цели и да добиете поддршка од личност која ви е на некој начин важна. Доколку сте во врска, со саканата личност ќе остварите уште поблизок и поинтимен однос. Се чувствувате одлично.

РАК

Одлучивте да се посветите на обврските и да завршите некоја работа која долго време чека на вас. Полека доаѓате до кризни моменти со саканата личност. Можеби во вашиот брак наскоро ќе наидете на одредени проблеми. Помали проблеми со крвната слика.

ЛАВ

Ве очекуваат некои промени на работното место кои ќе мора да ги прифатите иако не сте ги барале. Ново познанство кое е пред вас може да биде значајно за вашата емотивна иднина. Внимавајте на желудникот.

ДЕВИЦА

Ова не е лесен ден за вас на деловно поле, може да очекувате некои препреки. Дојдовте до својата граница на издржливост и не ви е лесно да си го признаете тоа себеси, но не можете да продолжите понатаму. Проблеми со видот.

ВАГА

Она што го планиравте на деловно поле нема да биде едноставно да го остварите. Ве очекува сплет на околности полн со компликации. Се сомневате во искреноста на партнерот и не ви е лесно да донесете одлука за вашата врска. Проблеми со депресија.

СКОРПИЈА

Заземете пасивна, набљудувачка позиција. Ова ќе ви даде можност да реагирате флексибилно, кога треба. Прецизни сте и ќе забележите детали кои треба да ги избегнете, бидејќи се штетни за вас.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е ден во кој ќе морате сериозно да се посветите на работните обврски за да ги остварите своите цели. Имате впечаток дека не можете да најдете заеднички јазик со саканата личност. Можни се проблеми со главата.

ЈАРЕЦ

Ве очекува опуштен ден каде што нема да имате многу обврски, време е малку да се посветите на некои други нешта. Подготвени сте да и се посветите на една личност која ве интересира. Нема проблеми на полето на здравје.

ВОДОЛИЈА

Не носете одлуки денеска за да не се каете подоцна. Бидете подготвени само да ја посматрате ситуацијата. Гласините кои кружат околу вас не се точни. Разговарајте со саканата личност за се. Можни се проблеми со грлото.

РИБИ

Иако доаѓа прилика за напредок, може да ја пропуштите поради недостаток на самодоверба која ве следи од некоја причина. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена да направи сериозен чекор со вас. Ќе имате големен апетит.

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....