Град на духовите: Некогаш богато место кое го „проголтала“ немилосрдната природа (ВИДЕО)

Во некогаш перспективниот рударски град Акармара, во денешна (непризната) Апхазија, кон крајот на седумдесеттите години живееле најмалку 5.000 жители. Денеска таму останале само 35 луѓе, како и крави и свињи кои лутаат по улиците на градот на духовите.

Се работи за мал град, со многу елаборирана и импозантна советска архитектура. Денеска овде доаѓаат туристи кои ги привлекуваат ваквите бизарни локации. Во целиот тој регион, кој исто така е испразнет, живееле околу 40.000 луѓе.

Акармара бил релативно нов град, изграден во седумдесеттите години, кој сега потсетува на илјадници години стара рушевина која ја совладала природата, пишува порталот „Паст Ремнантс“.

Две работи ги протерале жителите од градот – неисплатливоста на индустријата со јаглен, падот на СССР, односно опсадата на градот Ткварчели од страна на грузиските сили кон почетокот на деведесеттите години.

Фото: Принтскрин

Опсадата исто така значела дека Акармара е „отцепен“ од остатокот на светот бидејќи постои само еден пат кој води директоно во Ткварчели. Дури 413 денови жителите во градот биле препуштени сами на себе, а храна им носеле Руси и сепаратисти со хеликоптери.

Акармара, за разлика од Ткварчели е граден во ридови, а високите станбени згради биле градени на планинските врвови кои се срамнети со земја.

Денеска во тие големи згради каде требало да живеат стотици семејства, веројатно живее само едно семејство. 

Фото: Принтскрин

Неколкуте луѓе кои останале да живеат овде, деновите ги минуваат така што ги шетаат туристите низ напуштениот град.

Имало многу идеи градот да се претвори во ресорт, кој би бил како „временска капсула“, како да сте влегле во советските седумдесетти.

Акармара, сега, пишува „Ин Русија“, изгледа како некоја кулиса за американски постапокалиптичен филм.

Снимки со дрон покажуваат дека зеленилото толку го преземал градот што дури не може ниту да се види, иако неговата драматична убавина привлекува се повеќе и повеќе посетители кои со себе мораат да си носат вода и сендвичи, бидејќи не постои места од каде би можеле да си купат.

Слични објави

Луна Џогани со длабокото деколте ги стави градите во прв план! (ФОТО)

Еспресо

Мадона го зголеми задникот – Сакала да изгледа како Ким Кардашијан, па направила катастрофа (ФОТО)

Igor

Новак Ѓоковиќ има „двојник“ во Холивуд! (ФОТО)

Igor

ЕЛАСТИЧНА КАКО ГУМА: Нивес Целзиус се истегнува во шума, а Петко се жали (ФОТО)

Igor

Се случи чудо во судница: Цеца и Јелена се смирија! Еве што кажаа по излегувањето од суд (ФОТО)

Igor

Рис Витерспун призна дека била сексуално вознемирувана

Igor

Остави Коментар

пет × пет =

Слични објави

Кетлин Џенер: Не се откажав од машкоста, само засекогаш ја пензионирав (ФОТО)

Igor

Оваа “вештина” ви гарантира незаборавен секс!

Igor

Се дружи со овците и кокошките: Сандра Африка „избега“ во село! (ФОТО)

Васко Спасоски

Беле Хасан „гори“ со нејзините секси облини (ФОТО)

Igor

Манекенката која е позната по облините позираше гола, фановите не можат да се нагледаат (ФОТО)

Еспресо

Мила Јовович исплашена за здравјето на нејзината ќеркичка: Со денови сме во болница

Еспресо
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian