12.8 C
Скопје
08:45 - 29 март, 2024

Го отпуштија, а сега го викаат назад: Џони Деп повторно во „Пиратите од Карибите“?

Серијалот кој заработи милијарди добива уште едно продолжение. „Пиратите од Карибите“ се враќаат во нова, шеста авантура, а зад кормилото на Црниот бисер повторно ќе биде капетанот Џек Спероу, односно Џони Деп!

Деп доби отказ од студиото Дизни, каде се снимаше серијалот, откако во јавноста беа објавени детали од неговиот развод со актерката Амбер Херд, односно обвиненијата дека тој физички ја злоставувал.

Се чини дека сега „сѐ е заборавено“, бидејќи неименуван извор близок до студиото открива дека главните луѓе во Дизни, сега „го молат актерот да ја репризира улогата“, пренесуваат американските медиуми.

Наводно тие повторно сакаат да го видат Деп во оваа улога, откако тој поднесе тужба вредна 50 милиони долари против Амбер, со што, веројатно и ја докажа својата невиност, но и ја доби поддршката од многу обожаватели ширум светот.

Инаку, Џони Деп, кој глумеше во пет дела од популарната франшиза, од порано откри дека продуцентите сакале да му дадат отказ уште на првиот ден од снимањето, кога тој „се однесувал премногу чудно“.

Фото: Принтксирн

– Продуцентите сакаа да ме отпуштат бидејќи не го разбираа она што го правам. Студиото се плашеше дека луѓето нема да разберат што зборувам кога глумам – откри Деп, кој сепак подоцна главна ѕвезда на серијалот.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....