24.8 C
Скопје
15:20 - 29 март, 2024

Ѓаволот го напушти овој свет, знаеше дека луѓето сами ќе си приредат пекол: Така зборуваше легендата

Легендарниот реге музичар Боб Марли е роден на 6-ти февруари 1945 година, пред точно 75 години, во сиромашниот дел од главниот град на Јамајка, Кингстон. Марли беше речиси херојска фигура, а неговото заминување се случи токму во моментот кога неговата визија за „еден свет, една љубов“, инспирирана од неговата вера во Растафари, почна да се слуша и чувствува насекаде ширум светот.

Боб Марли својата исклучително успешна кариера ја почна во 1962 година, а една година подоцна заедно со Невин Бани Ливингстон и Питер Тош ја формираа групата „The Wailers“.

Нивната прва песна „Simmer Down“ набргу стана хит во Јамајка, а охрабрени од реакцијата, младите и амбициозни музичари снимија уште неколку песни, помеѓу кои и нумерата „It hurts to be alone“.

Марли наскоро ја презеде улогата на лидер на бендот, како главен писател на текстови и музика, а групата првиот албум го објави во далечната 1965 година.

Една година подоцна, Јамајка ја посети царот на Етиопија, Хајле Селасије, кога целиот бенд ја прифати растафаријанската вера.

Бендот во 1973 година го издаде и вториот албум „Burnin“, со класиците кои се пејат и ден денеска – „I shot the sheriff“ и „Get up, stand up“. До уште поголема популарност стигнаа кога веќе славниот Ерик Клептон го обработи нивниот хит „I shot the sheriff“.

Посебно интересна година за Марли е 1975-тата, кога неговиот бенд го објави студискиот албум – „Natty Dread“, на кој се наоѓаат хитовите како „No woman, no cry“ и „Revolution“. Поради соло кариери Ливингстон и Тош ја напуштаат групата, а бендот тогаш го менува името во „Bob Marley and the wailers“.

Набргу потоа Боб Марли се разболува, но и покрај тоа, тој и неговиот бенд продолжуваат со своите настапи, што резултираше со мегапопуларните албуми како „Babylon by bus“, „Survival“ и „Uprising“.

Бендот тргна на турнеја во Америка, заедно со Стиви Вондер, меѓутоа по настапот во Бостон, на Марли му се слошило, па пејачот едвај го издржал концертот во Њујорк.

Марли умира од рак во 1981 година на само 36 години, а светот остана без најпознатиот музичар од Јамајка и кралот на реге музиката, како што е познат и до ден денеска.

По смртта на Роберт Неста Марли, како што е неговото вистинско име, цел свет беше во жал, а илјадници луѓе присуствуваа на погребот во неговото родно село.

Постхумно Марли е одлиукуван и со јамајкански Орден на честа.

Фото: Профимедиа

И денеска секоја година љубителите на ликот и делото на Марли се собираат за да ги одбележат датумите на неговото раѓање и смрт.

Белегот кој го остави во музиката ништо не може да го избрише, како ниту визијата за подобар живот која ни ја пренесуваше преку некои од своите најпознати цитати по кои засекогаш ќе го паметиме:

„Кои сте вие да ми судите за животот кој го живеам? Знам дека не сум совршен и не сакам да бидам, но пред да го впериш прстот во мене, увери се дека твоите раце се чисти.

„Ѓаволот го напушти овој свет, затоа што знаеше дека луѓето сами ќе си приредат пекол“.

„Никогаш нема да знаеш колку си силен, се додека тоа не ти биде единствениот избор“. 

„Подобро да умрам борејќи се за слобода, отколку да робувам цел живот“.

„Не ги занемарувај своите мисли. Оствари ги своите визии. Разбуди се и живеј“.

„Некои луѓе го чувствуваат дождот, другите само ги наврнува“. 

„Го отвораш своето срце, иако знаеш дека еден ден може да ти биде скршено и при тоа отворање доживуваш љубов и задоволство за кое си мислел дека е невозможно“.

„Можеби нема да и бидеш прв маж, ниту пак последен или единстен. Сакала некого пред тебе и можеби ќе сака и потоа. Но, ако те сака сега, зарем треба нешто да те загрижува?“. 

Слични објави

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо
Се вчитува....