7.8 C
Скопје
00:06 - 29 март, 2024

ФОТО: Прогласена најубавата новогодишна елка во Европа за 2020 година

Втора година по ред, Вилнус е избран за град со најубава новогодишна елка во Европа, оставајќи ги Париз, Милано и Лондон зад себе.

Дури и во отсуство на традиционалните новогодишни саеми поради пандемијата на коронавирусот, плоштадите на светските метрополи се украсени со импресивни новогодишни елки. И, иако можеби мислите дека најубавата европска елка се појави во Париз, Лондон или во Милано, оваа година главниот град на Литванија е победник, па дури и ривалите тоа го признаваат.

Фото: Профимедиа

Пред само неколку денови, втора година по ред, главниот град на Литванија, Вилнус, е избран за град со најубава новогодишна елка во Европа, оставајќи ги Прага и другите големи градови зад себе.

Фото: Профимедиа

Овогодишната новогодишна елка од Вилнус е навистина надреална креација, која ги спојува традицијата, модерното и одржливоста. Инсталацијата во форма на конус, поставена покрај црквата „Свети Јован“, е дизајнирана така што можете безбедно да ѝ се восхитувате од далечина.

Фото: Профимедиа

Композицијата висока 24 метри се состои од метални панели украсени со светла што ја менуваат бојата однадвор и со огледала од другата страна. Овде, како и претходните години, металната рамка е украсена со вистински гранчиња од смрека собрани во блиските шуми.

Фото: Профимедиа

Повеќестраната модерна фасада се отвора доволно за внатре да ја открие живата и брилијантно украсена елка. Домашниот ентериер гарантира дека божиќниот дух живее и покрај пандемијата.

Фото: Профимедиа

Визуелно, елката изгледа како надреалистична слика – модерната композиција е опкружена со 6.000 живи и миризливи гранки украсени со речиси 4 км новогодишни светилки што ја менуваат бојата, 800 сребрени украси и 150 квадратни метри огледала. Најсовремената инсталација е, всушност, двојна: со просторно поставените метални конструкции се создаваат неколку површини украсени со огледала, додека внатрешноста е направена да изгледа удобно, како дома и интимно со жива елка украсена со шишарки и фенери.

Елката во Вилнус ќе ги радува посетителите до 7 јануари 2021 година.

Минатогодишната елка била шаховска кралица

Новогодишните елки од Вилнус станаа популарни благодарение на оригиналните теми, уникатните украси и магичната атмосфера што ја предизвикуваат. Минатогодишната елка, осветлена со 70.000 светилки и висока 27 метри, личеше на шаховска кралица во син фустан и сребрена наметка, чувана од редови пешаци, додека претходникот со временска тематика имаше стилизиран часовник со подвижни запчаници-снегулки. Централниот дел бил изрезбарен со геометриски форми и украсен со цветни мотиви.

Фото: Профимедиа

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....