8.8 C
Скопје
04:34 - 24 април, 2024

ФОТО: Доктор откри трик кој спречува стаклата на очилата да ви се замаглуваат додека носите маска

Решението е прилично едноставно, се што ви е потребно е само еден обичен фластер… Сите кои носат диоптриски очила, додека носат маска на лицето, се соочуваат со проблемот „замаглување на стаклата“.

Како да ги спречите „замаглените стакла“, стана голема тема со бројни расправии, а еден доктор пронајде ефикасен начин кој тврди дека на него му помага секојдневно.

Др. Даниел М. Хифермен, кој носи очила и заштитна маска додека оперира, сподели трик кој го превенира замаглувањето на стаклата од очилата.

Решението е прилично едноставно. Се што ви е потребно е обичен фластер. Докторот со фластерот го лепи врвот на маската преку носот, со што воедно се превенира и паѓањето на маската од лицето.

„Доколку ви е тешко да носите очила бидејќи се замаглуваат или пак маската ви паѓа од носот, обичниот фластер прави чуда. Слободно споделете, идејата би можела да спаси многумина“, напиша Хифермен.

Идејата ја пофалија многумина, дури и манекенката Криси Тајген.

„Еве зошто си ти доктор, а јас не сум“, му порача Таиген.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....