16.8 C
Скопје
18:43 - 28 март, 2024

Филмот што ги смени Оскарите: „Паразит“ е последната голема револуција на филмската уметност

Многу филмови се добри, скапи, гледани или добро оценети. Но, мал е бројот на оние филмски остварувања, кои успеале да внесат револуција во уметноста.

Таков е „Паразит“ – јужнокорејското остварување на Бонг Џун Хо, кој влезе во филмската историја добивајќи Оскар за најдобар филм. Пред него филмовите што ја освојуваа оваа награда секогаш беа на англиски јазик. Бонг Џун Хо го освои Оскарот за најдобар режисер и за најдобро оригинално сценарио. Филмот освои и Оскар за најдобар странски филм.

Се чини дека Холивуд и американската филмска индустрија сè повеќе се отвораат кон светот, а Бонг Џун Хо во говорот што го одржа зборуваше на корејски јазик. Тој им оддаде почит на другите режисери, што го прави навистина голем.

„Паразит“ претставува црнокомичен трилер и на моменти хорор-приказна за невработено семејство кое успева да се инфилтрира во богато семејство, и претставува сатира за денешното општество, а на некој начин и стереотип за различни социјални класи.

Дејството на филмот ги следи четирите члена на сиромашно семејство, во моментот кога синот добива понуда да работи како приватен професор по англиски јазик на младо девојче од богато семејство. Заедно со членовите на семејството тој смислува лукав план што може да ги спаси од бедата и од подрумот во кој живеат.

Во текот на целиот филм се менуваат жанровите – во еден момент ќе се смеете, во друг ќе бидете ужаснати, во трет напнати. Режисерот Бонг генијално ги жонглира овие елементи и прави баланс.
Централната тема на филмот е судирот на различните финансиски сталежи – стереотипни профили на богатите и сиромашните. Филмот го зазема ставот: богатите се наивни, без емпатија, а сиромашните се свирепи во својата потреба да се збогатат и се подготвени на сè за да дојдат до тоа. Сепак, филмот визуелно е направен беспрекорно, за што сведочи и наградата Златна палма во Кан минатата година.

Секако дека „Паразит “ не е првиот блокбастер од Јужна Кореја, бидејќи се случуваше и претходно филм од оваа земја да стане хит на Западот, но е валоризација на целокупната тамошна кинематографија, која со години е потценувана. Очигледно дека во иднина ќе видиме повеќе наградени филмови, од регионите на светот кои досега воопшто не беа земани предвид при составувањето на листите за номинации.

Триумфален пречек за генијалниот режисер

Режисерот Бонг Џун Хо беше пречекан како херој во Јужна Кореја, каде што се врати една недела по големиот триумф со „Паразит“ на Оскарите.

Стотици новинари и фанови дојдоа на меѓународниот аеродром во Инчеон за да го поздрават Бонг, кој се заблагодари и кажа дека веднаш ќе преземе заштитни мерки против коронавирусот.

– Ви благодарам за аплаузите. Би сакал да ви возвратам со аплауз на сите вас затоа што така добро се справувате со коронавирусот. За таа цел, веднаш внимателно ќе ги измијам рацете. Среќен сум што се вратив дома – кажа Бонг.

„Паразит“ освои четири статуетки на 92. церемонија на доделување Оскар, станувајќи прв филм од неанглиско говорно подрачје кој бил прогласен за најдобар филм. Меѓу другото, „Паразит“ го победи „Медена земја“ за Оскарот за најдобар странски филм.

Корејците масовно го прославија триумфот на Бонг, чии филмови оттогаш не престанаа да се прикажуваат на тамошните телевизии.

 

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....