13.8 C
Скопје
00:18 - 17 април, 2024

Ентони Хопкинс ќе го глуми тренерот на Мајк Тајсон!

Instagram

Ентони Хопкинс во биографскиот филм „Cus and Mike“ ќе го глуми тренерот на Мајк Тајсон, пишува deadline.com.

Филмот ќе се темели на книгата од Монтиет Илингворт и ја открива приказната за тренерот Кас Д’Амата и познатиот боксер.

Познатиот тренер почина во 1985 година, но постави цврсти спортски темели за Тајсон, кој стана најмладиот светски првак во супертешка категорија кога имаше само 20 година.

View this post on Instagram

Thank you Mick Brown and Telegraph Magazine…

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins) on

Режисерот на спортскиот филм е Ник Касаветес, кој ја прилагодил приказната според оргиналното сценарио од Десмонд Накана.

„Ова за мене е апсолутното сценарио од соништата. Фантастична можност да работам покрај Ентони во филмот за моите двајца херои, Кас Д’Амата и Мајк Тајсон, најгрозниот и мојот најдраг борец некогаш“, изјави Касаветед.

Се уште не е откриено кој ќе ја игра улогата на младиот Тајсон, чиј талент Д’Амато го открил во Њујорк уште на 13-годишна возраст.

Претходниот проект за тренерот Д’Амато и познатиот спортист требало да ги вклучува Брус Вилис и Руперт Фриенда, како режисер, но засега нема вести за развојот на оваа замисла. Тоа беше најавено уште во 2018 година.

Мартин Скорсезе уште порано требаше да го снима филмот за кој беше ангажиран Џејми Фокс.

Улогата на легендарниот тренер ја играше Џорџ С. Скот во филмот „Tyson“ од 1995 година.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....