9.8 C
Скопје
07:39 - 29 март, 2024

Единствено коронавирусот можеше да ги спаси: Откажано доделувањето на најнепосакуваната награда на светот – „Златна Малина“! (ВИДЕО)

Изминатиот викенд, поточно во саботата навечер во Лос Анџелес требаше да се доделат наградите „Златна малина“, но неколку часа пред почетокот на церемонијата, доделувањето беше откажано пишува Мирор.

– Златните малини мораа да се откажат, односно, одложат, поради тоа што Лос Анџелес ги затвори сите големи арени каде би можеле да се соберат повеќе од 50 луѓе –  порача основачот на наградите Џон Вилсон, а засега не е познато дали ќе биде закажан нов датум за доделување на наградите.

„Златните малини“ се филмски награди кои ниту еден актер не сака да ги освои. Се доделуваат на најлошите филмови, а оваа година треба да се одржи вкупно 40-тата ваква церемонија.

Наградите се доделуваат во неколку категории, како што се оние за најлош филм, најлоша актерка, најлоши оригинални песни, најлошо сценарио, најлош режисер…

Оваа година за најлош филм номинирани се мјузиклот „Cats“, комедијата „A Madea Family Funeral“ и „Rambo: Last Blood“.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....