9.8 C
Скопје
19:09 - 18 април, 2024

Единствениот кошаркар кој добил Оскар: Коби во емотивен говор пред две години објасни што му значи кошарката (ВИДЕО)

Светот го потресе веста за трагичната смрт на легендарниот кошаркар Коби Брајант, кој загина при пад на хеликоптер во Калифорнија. Неговите соиграчи, пријатели и обожаватели се уште се во шок и не можат да поверуваат дека светот остана без Коби.

Што навистина му значеше кошарката и колку беше вљубен во овој спорт, единствениот Коби маестрално објасни во краткиот анимиран филм „Dear basketball“, за кој пред две години доби Оскар.

Во овој филм тој ги пренесе сите детали од својата богата кошаркарска кариера.

Брајант, кој инаку е петкратен освојувач на НБА прстен, тој е и првиот кошаркар кој некогаш освоил филмски Оскар.

„Од кога паметам за себе му ги земав чорапите на мојот татко и ги формирав во облик на топка за дадам кош. Се вљубив во тебе“, зборува тој на почетокот од филмот во кој и се обраќа на неа, односно на играта која обожаваше да ја игра – кошарката.

„Таа љубов е толку длабока, целиот и се посветив на кошарката“, додава Коби во филмот.

Фото: Профимедиа

Тој во овој краток анимиран филм открива дека кошарката ја засакал на само шест години, дека и го дал своето срце и дека од неа добил многу работи.

Исто така, Коби открива дека се чувствувал жив додека играл. Во филмот, феноменалниот Коби се збогуваше од играчката кариера.

„Сега навистина дојде време да се збогувам од тебе“, порача Коби.

Филмот е базиран на неговото познато писмо преку кое најави дека ја завршува професионалната кариера, а кое претставува омаж на спортот со кој се занимаваше.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....