12.8 C
Скопје
11:14 - 25 април, 2024

Дискретниот шарм на „Убиствата од Мидсомер“

Антологиската крими-серија „Убиствата од Мидсамер“ започна да се емитува на ИТВ во 1997 година, поставувајќи сопствени стандарди во жанрот.

Иако речиси сите актери од оргиналната постава се веќе одамна сменети, сепак шоуто и натаму може да се пофали со голема гледаност, па продуцентите немаа никаков проблем да предложат снимање на нови епизоди.

Џон Нетлс долги години беше водечкиот актер на оваа серија, во улогата на извонредниот полициски инспектор Том Барнаби, кој по 14 сезони се пензионираше од својата должност во полициската станица во градот Костон, надлежна за пошироката рурална област на Мидсамер и на негово место дојде неговиот далечен роднина Џон Барнаби (Нил Данџон).

„Мидсомер“ е потполно измислено место во Англија, но од друга страна Англичаните се шегуваат дека селата на овој крај некогаш навистина постоеле, но жителите се истребиле меѓусебно, а тие што преживеале биле уапсени од инспекторот Барнаби, кој ги испратил во затвор. Во секоја епизода има најмалку две убиства, па може да се заклучи дека има потреба од голем број споредни актери кои ги толкуваа жртвите и убијците, а добар дел од нив беа само осомничени. Интересно, но дел од овие актери подоцна направија блескави кариери.

1. Орландо Блум

Самовилскиот принц од трилогијата „Господарот на прстените“, толкуван од британскиот актер Орландо Блум е еден од најпознатите филмски ликови на нашето време. Но, Блум своите почетоци ги започна во „Убиствата на Мидсамер“, каде што глумеше едно младо момче, чија промискуитетност го однесе во смрт. Блум денеска е еден од најпрепознатливите и најскапите актери во светот, но и тој на времето беше дел од „смртоносниот прстен на Мидсамер“.

Related image

2. Џејмс Козмо

Го паметите во улогите одиграни во „Храбро срце“, „Троја“, „Чудесна жена“, „Хрониките на Нарнија“, како и во улогата на Џеор Мормон во „Играта на троновите“. Но, Џејмс Козмо е еден од оние актери што славата ја доби во зрелите години, а голем удел во неговата популарност имаше и настапот во „Убиствата од Мидсамер“.

Во една од епизодите тој толкуваше лик кој е член на славен рок-бенд, еден од омилените на инспекторот Барнаби. Сепак, тоа не му помогна за да го избегне апсењето, кога доказите потврдија дека тој е виновен за серија убиства.

Image result for james cosmo midsomer murders

3. Тоби Џонс

Тоби Џонс е еден од водечките актери во моментов, познат по впечатливите карактерни улоги. Токму во „Убиствата од Мидсамер“ тој ја доби првата шанса за докажување, толкувајќи ја замената на главниот патолог д-р Булард во четири епизоди од серијата. Д-р Ден Петерсон не беше особено стручен и по вкусот на Барнаби, но на Тоби Џонс оваа улога му ги отвори вратите на интернационалната слава.

Image result for toby jones midsomer murders

4. Питер Капалди

Питер Капалди беше 12. по ред „Доктор Ху“, што само по себе значи и планетарна слава. Тој се појави и во уште неколку високобуџетни филмови и серии во меѓувреме, но треба да се подвлече дека и тој на времето беше дел од сплетките во Мидсамер.

Капалди се појави во јубилејната 50. епизода „Смрт во хорот“, а таму бараше перфекција од хористите, иако во меѓувреме неговиот приватен живот буквално се распаѓаше.

Image result for peter capaldi midsomer murders

5. Мишел Феирли

Кејстилн Старк од „Играта на троновите“ неколку сезони беше најмоќната жена во Вестерос. Но, Мишеле Феирли во „Убиствата од Мидсамер“ толкуваше лик на вработена жена, вљубена во својот претпоставен. Но невозвратената љубов ќе ја натера да го уценува. Тоа ќе ја внесе во крвавиот свет на Мидсамер.

Image result for michelle fairley midsomer murders

6. Хенри Кавил

Пред крајот на минатата година на Нетфликс беше емитувана новата серија „Вештерот“, која веднаш стана огромен хит. Главната улога ја толкуваше британскиот актер Хенри Кавил, кој претходно се прослави со улогата на Супермен. Кавил во моментов е меѓу петте акциски ѕвезди во светот на филмот, а веројатно на таа позиција ќе остане и во наредните години. Во „Убиствата од Мидсамер“ тој се појави во епизодата „Зелениот човек“, која му беше последна и на детективот Трој, кој доби унапредување во Нортамбрија и си замина од менторството на Барнаби.

Image result for henry cavill midsomer murders

7. Оливија Колман

Оливија Колман е актуелната освојувачка на филмската награда Оскар, како и една од најистакнатите актерки во светот. Но не така одамна и таа беше дел од мрачниот свет на Мидсамер. Колман ја толкуваше улогата на Бернис, келнерка во еден пансион, но во исто време и девојка на својот газда. Нејзината среќа ќе предизвика голема несреќа кај ќерката на нејзиниот сакан и тоа ќе биде тригер за неволјите во Мидсамер.

Image result for olivia colman midsomer murders

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....