21.8 C
Скопје
16:24 - 24 април, 2024

Џон Ленон за првпат јавно ја кажа својата култна изрека за Исус и „Битлси“, почина легендарниот Влада Дивљан и уште неколку настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден е доста значаен за музиката, а првиот деби албум на Френк Синатра, раѓањето на Крис Реа и смртта на Влада Дивљан, се само некои од настаните кои се случија токму на овој ден низ музичката историја. 

Во продолжение, прочитајте по што го паметиме 4 март кога е музиката во прашање:

1946 година – Френк Синатра го издаде првиот албум „The voice of Frank Sinatra“.

1951 годинаРоден Крис Реа, британски пејач, блуз гитарист и автор.

1966 година – Новинарот Маурин Клив објави интервју со Џон Ленон во лондонскиот „Evening Standard“, каде славниот музичар за првпат ја кажа познатата изрека – „Ние сега сме попопуларни и од Исус“, мислејќи секако на легендарната група „The Beatles“.

1974 годинаШведската поп група „Abba“ го објави албумот „Waterloo“, на кој се наоѓа истоимената песна која еден месец подоцна ќе победи на Евровизија и со тоа ќе се отвори ново поглавје на светската музичка сцена.

1983 годинаНа Југословенскиот избор за песна на Евровизија во Нови Сад победи помалку познатиот пејач Даниел, со песната „Џули“, која стана мегахит и го лансираше младиот пејач во самиот врв на тогашната поп сцена.

2003 година Објавен дебитантскиот албум на американската алтернативна метал група „Evanescence“ под назив „Fallen“. Албумот е продаден во 15 милиони примероци ширум светот, а на националната топ листа помина повеќе од 60 седмици, додека на „United world chart“ се задржа дури 82 недели.

2015 годинаПочина Влада Дивљан (57), основач на групата „Идоли“ и еден од лидерите на новиот бран на музика на поранешните ју-простори. Владо Дивљан беше романтичар на урбаните генерации, како и еден од највлијателните музичари на Балканот, a важеше за „најголемиот џентлмен во рокенрол музиката“. 

По епизодата со „Идоли“, Дивљан продолжи со успешна соло кариера, која во голем дел ја сочинуваше музика за филм и театар. Во текот на деведесеттите години, Дивљан живееше и работеше во Австралија, каде студираше на отсек за звук на Филмска академија, а заедно со Кирил Џајковски ја формираа групата „Aparatchiks“ и снимија две цедиња, на кои се занимаваа со истражувања на модерниот звук.

Слични објави

Октриени детали за смртта на водителката Бојана Јанковиќ: Познатиот глумец со потресни зборови

еспресо

Јована Јеремиќ со бизарна изјава: И мртва планирам да доминирам, ќе бидам култна како Мерилин Монро

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

еспресо

Еве кој му прави друштво на Никола Роквиќ на патот до Грција: „Поединец не може ништо сам!“

еспресо
Се вчитува....